Џанлука Ваки прослави 58-ми роденден со огномет на плажа – огромна торта со семејни фотки, ќерката се забавува со нив

„Ноќ полна љубов, под ѕвездите“ – напиша 28 години помладата сопруга на италијанскиот заводник Џанлука Ваки за неговиот 58-ми роденден. Тој приреди спектакуларна забава на плажа како секогаш, нивната ќеркичка беше присутна и танцуваше, имаше торта со семејни фотки и секако, огномет.

djanluka-vaki-proslavi-58-mi-rodenden-so-ognomet-na-plazha-ogromna-torta-so-semejni-fotki-kjerkata-se-zabavuva-so-niv-01.jpg

Џанлука Ваки (58) и неговата сопруга Шерон Фонсека (30) уживаат во семејните моменти, но и во забавата.

Тие често одат на патувања, живеат на висока нога и во луксуз, но никогаш не пропуштаат шанса и добро да се „журкаат“.

За 58-иот роденден на Џанлука, парот приреди забава на плажа, под отворено небо, каде присуствуваа голем број нивни блиски пријатели, но и нивната ќеркичка Блу Јерусалема.

4-годишното девојче никогаш не отсуствува од вакви важни моменти, а изгледа го наследила духот за забавата од родителите, па се гледа дека ужива и танцува со нив.

djanluka-vaki-proslavi-58-mi-rodenden-so-ognomet-na-plazha-ogromna-torta-so-semejni-fotki-kjerkata-se-zabavuva-so-niv-02.jpg

Изненадување на вечерта беше големата торта на неколку ката, на која беа налепени повеќе семејни фотки од славеникот, но и спектакуларниот огномет.

Неговата сакана блескаше како и секогаш, облечена во светкаво здолниште и раскопчана бела кошула, а тој го покажа згодното тело, со сако, без ништо под него.

„Од вчера имам 58 години. Благодарен сум на она што го постигнав и на семејството што го создадовме, што сега ми е најголемото достигнување.

Ти благодарам животе... имам планови да останам засекогаш!“ – стои во описот на објавата.

Погледнете во видеото што го сподели тој:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се свршија по 10 дена врска, двапати се разведуваа: Која е втората (и трета) сопруга на Илон Маск? Илон Маск имал 37, а Талула Рајли 22 години кога се запознале. Веднаш почнаа врс...
„Немаа ништо заедничко, не ни разговараа“: Зошто раскинаа Бредли Купер и Ирина Шајк? „Откако им помина првичната страст, им останаа малку заеднички работи. Бредли и ...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Марк Ентони (57) го очекува 8-то дете – неговата 30 години помлада сопруга е бремена вторпат „Среќна трета годишнина. Маркито ќе биде големо братче“ – Марк Ентони и неговата...
Две забремениле на само 16 години, сите ги изневерувал: Четирите сопруги на Чарли Чаплин Неговата прва сопруга имала само 16 години кога се венчале, а на иста возраст би...
Огромна торта како количка, ја храни саканата како бебе – Марк Ентони и бремената сопруга направија ... Марк Ентони го очекува своето 8-мо дете, a со 30 години помладата сопруга направ...

Најчитани неделава