Огромна торта како количка, ја храни саканата како бебе – Марк Ентони и бремената сопруга направија забава за бебето што го чекаат
- Детали
- вторник, 09 јуни 2026
Марк Ентони го очекува своето 8-мо дете, a со 30 години помладата сопруга направија раскошна „baby shower“ забава - играа игри каде тој менува пелени на кукла, ја храни саканата со кашичка како бебе, сечат огромна торта во форма на бебешка количка, а просторот е украсен како од бајка.

Марк Ентони и неговата 30 години помлада сопруга Надиа Фереира ситно бројат до раѓањето на нивното второ дете, кое ќе биде 8-мо за пејачот.
По тој повод тие направија „baby shower“ забава, која изгледа како да е дел од некоја бајка.

Просторот е тематски декориран во розова боја, со оглед на тоа што очекуваат девојче, масите се украсени со пастелни цвеќиња, кристални свеќници и уште многу други декорации, како цветни аранжмани во форма на мече и буквата М.

26-годишната трудница изгледа прекрасно во долг розов фустан, а модно е усогласена со нејзиниот сопруг, кој носи пастелно розово одело.
Освен убавите декорации за позирање, парот организирал и игри, каде мажите треба да ги хранат со каши своите сопруги, но и да менуваат пелени на кукли.

Марк и Надиа на крај сечеа и торта за гостите, која беше огромна и во форма на винтиџ бебешка количка, со тркала кои се вртат.

Погледнете видео од атмосферата:
Погледнете повеќе фотки:







М. М. | Црнобело