Марк Ентони (57) го очекува 8-то дете – неговата 30 години помлада сопруга е бремена вторпат

„Среќна трета годишнина. Маркито ќе биде големо братче“ – Марк Ентони и неговата 26-годишна сопруга објавија фотка со труднички стомак и нивните раце. Ова им е второ заедничко дете, а за Марк ќе биде осмо - тој има уште 6 деца добиени од три различни жени, меѓу кои и Џеј Ло.

mark-entoni-go-ochekuva-8-to-dete-negovata-30-godini-pomlada-sopruga-e-bremena-vtorpat-01.jpg

Марк Ентони и Надиа Фереира ја објавија својата романса во март 2022, а само два месеца подоцна се свршија.

Нивното прво заедничко дете, Марко, се роди во јуни 2023, 5 месеци откако парот се венча во Мајами, а 2 и пол години подоцна соопштија дека чекаат уште едно.

На Инстаграм објавија заедничка фотографија од трудничкиот стомак на Надиа, со дланките на сите тројца и напишаа:

„Среќна 3-та годишнина! Каков подарок ни донесе животот! Бог е голем! Маркито ќе биде големо братче“.

Инаку, ова ќе биде осмо дете за Марк. Oсвен првиот син со Надиа, тој ги има и близнаците Макс и Еме кои ги доби од Џеј Ло, синовите Кристијан и Рајан од поранешната сопруга Дајанара Торес, како и двете најстари деца, Ариана и Чејс, што ги има од врската со Деби Росадо.

mark-entoni-go-ochekuva-8-to-dete-negovata-30-godini-pomlada-sopruga-e-bremena-vtorpat.jpg

Прочитајте и Марк Ентони ја побарал за жена по 3 месеци врска, поранешниот дечко ја обвини дека е спонзоруша – Што знаеме за Надја Фереира?

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Род Стјуарт ја оставил својата најстара ќерка во дом за сираци – во каков однос е со другите седум д... Род Стјуарт има осум деца од пет различни жени. Првото дете го добил на само 17-...
Ја нарекувале „најгрдото дете“, помина 2 недели во затвор: Факти за Софија Лорен (што не сте ги знае... Мајката на Софија Лорен била толку сиромашна, што извесен период живееле под мос...
„Бев една од жртвите на Р. Кели, раперот полош и од Диди – од 13 години ме држеше како робинка, тетк... Решона Ландфер е една од многуте жртви на Р. Кели и вели дека раперот почнал да ...
Се свршија по 10 дена врска, двапати се разведуваа: Која е втората (и трета) сопруга на Илон Маск? Илон Маск имал 37, а Талула Рајли 22 години кога се запознале. Веднаш почнаа врс...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg