Џорџина објави фотка од кај гинекологот со четирите деца на Роналдо – среќни за приновата

Четирите деца на Кристијано Роналдо ѝ се голема поддршка на Џорџина Родригез и ја придружуваа на ехо-преглед додека со нетрпение чекаат да ги запознаат близнаците, а дополнително, најмалата ќеркичка се обидува да го научи англискиот јазик.

djordjina-na-eho-pregled-so-decata-kako-malata-alana-se-snaogja-so-angliskiot-jazik-01.jpg

Кристијано Роналдо (36) и Џорџина Родригез (27) во текот на минатата недела ги објавија среќните вести дека таа е бремена по вторпат и дека очекуваат близнаци.

Џорџина, која е во третиот месец од бременоста, објави фотографија на Инстаграм направена за време на последниот ехо-преглед кај гинекологот, на кој беше придружувана од четирите деца на Роналдо.

До фотографијата таа напиша „Нетрпеливи.“

За Роналдо близнаците ќе бидат 5-то и 6-то дете, со оглед на тоа што ги има ќеркичката Алана (3) што ја доби во врската со Џорџина, и уште три други деца - синот Кристијано Џуниор (11) и близнаците Ева и Матео (4) добиени од сурогат-мајка.

Џорџина и Кристијано оваа есен се преселија во Обединетото Кралство, откако светски познатиот фудбалер потпиша договор со фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед, клубот од каде всушност и ја започна својата кариера.

Освен фотката од прегледот, Џорџина сподели и видео на кое се гледа како нејзината 4-годишна ќеркичка Алана учи да говори англиски јазик.

„Прва помош за комуникација во англиско училиште“ – напиша Џорџина.

Децата на Кристијано имаат многу нови и убави работи на кои ќе треба да се привикнуваат - нова средина, нов јазик, но и нови членови во семејството.

Прочитајте и Кристијано Роналдо и Џорџина се пресреќни во новиот дом во Англија по трансферот во Манчестер Јунајтед (фото)

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Го оставила за да ги оствари соништата – Кој е бившиот дечко на Џорџина Родригез, со кого била во вр... „Кога завршувавме со часови одевме во паркот и сонувавме. Зборувавме дека еден д...
Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
Џорџина го покажа секси задникот додека ги вежба децата на Роналдо – по стапките на тато од мали ноз... 6-годишните близнаци кои Роналдо ги доби од сурогат, очигледно мора да се во фор...
Џорџина Родригез на Инстаграм среќна, во живо пак намќореста кога Роналдо ѝ се обраќа на одморот во ... „Што е првото нешто што го видовте?“ –  ги прашува твитерџиите Џорџина Родр...
Џорџина Родригез со масивен накит и чудни чевли сака да донесе гламур на Филмскиот фестивал во Венец... Џорџина Родригез со масивниот чокер ѓердан со скапоцени камења и овојпат сака да...
На 6 години победи на избор за убавина, мајка ѝ ја искористуваше за да се збогати: Скандалозното дет... Имаше 6 години кога победи на детски избор за убавина, па доби свое реално шоу. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg