Џорџина е бремена по вторпат, со близнаци: „Роналдо прави свој фудбалски тим“

„Роналдо прави свој фудбалски тим“ – коментираат дел од неговите следбеници на Инстаграм, откако тој објави дека неговата девојка Џорџина Родригез е бремена по вторпат, со близнаци.

djordjina-e-bremena-po-vtorpat-so-bliznaci-ronaldo-pravi-svoj-fudbalski-tim-01.jpg

Кристијано Роналдо (36) на Инстаграм ги сподели среќните вести дека повторно ќе стане татко. Тој објави фотографија на која заедно со неговата долгогодишна девојка Џорџина Родригез (27) ги покажуваат фотографиите од ехо-прегледот.

„Воодушевени сме да соопштиме дека очекуваме близнаци. Срцата ни се полни со љубов – со душа очекуваме да ги запознаеме #благословени“ – напиша Роналдо до фотографиите.

Голем број од неговите следбеници упатија честитки по објавата, а некои коментираа и дека Роналдо прави свој фудбалски тим.

Џорџина и Кристијано се заедно веќе пет години, а тие заедно се преселија во Манчестер, каде светски познатиот фудбалер неодамна потпиша договор со фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед.

За Кристијано ова ќе биде вторпат да стане татко на близнаци. За потсетување, тој веќе има 4 деца: 3-годишната ќерка Алана Мартина која ја доби со Џорџина, 4-годишните близнаци Ева Марија и Матео кои ги доби од сурогат мајка и 10-годишниот син Кристијано Џуниор.

djordjina-e-bremena-po-vtorpat-so-bliznaci-ronaldo-pravi-svoj-fudbalski-tim-02.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Објави фотки како го дои новороденото синче и се молзи – Што прави денес бунтовната „Токио“ од „La C... Бунтовничката позната како Токио од La Casa de Papel, неодамна го роди првиот си...
Роналдо „уловен“ како одмара на јахта со Џорџина, откако од „приватни причини“ не се појави на погре... Кристијано Роналдо беше забележан како ужива на јахта на Мајорка, заедно со свој...
Џорџина Родригез мета на шеги – повторно се фали со огромниот свршенички прстен: „Ова е карпата што ... Се споделија многу шеги на сметка на огромниот свршенички прстен на Џорџина Родр...
Наоми Кемпбел (55) не старее - згодна во бикини, со тело како на 20-годишна девојка Доказ дека една од најпопуларните манекенки на сите времиња навистина изгледа од...
Ретро спомени од времето кога Ирина Шајк беше „обична“ девојка од Русија – пред да стане славна (фот... Почетоците на моделската кариера, ретро мода, позирање на стари тапети со завеси...
Го сменил бројот кога бившата му рекла дека е бремена – Овен Вилсон глуми грижлив татко, а својата ќ... „Ми помага финансиски, но тоа никогаш не ми беше важно. На Лајла ѝ е потребен та...

Најчитани неделава