Џорџина Родригез мета на шеги – повторно се фали со огромниот свршенички прстен: „Ова е карпата што го потона Титаник“
- Детали
- вторник, 02 септември 2025
Се споделија многу шеги на сметка на огромниот свршенички прстен на Џорџина Родригез, но таа се соочи и со критики бидејќи за само два дена во Венеција, успеа неколкупати да им позира на папараците со прстенот во преден план.

Ако некој успеа да привлече внимание на Филмскиот фестивал во Венеција, тоа дефинитивно беше Џорџина Родригез.
Иако го посети фестивалот без некоја конкретна причина, Џорџина прошета на црвениот тепих и ја искористи можност да се пофали со свршеничкиот прстен кој се проценува на повеќе од три милиони долари.
Џорџина позираше со прстенот уште кога пристигна во Венеција, но истото го направи и кога го напушташе италијанскиот град.
Веќе следниот ден откако се појави на фестивалот, Џорџина си замина од Венеција со приватен авион.
На папараците, пак, гордо им ги покажа дланките, вклучувајќи го и огромниот дијамантски прстен.
Покрај прстенот, Џорџина се потруди во кадар да биде и нејзината Hermès Birkin чанта од крокодилска кожа, која вреди над 115.000 долари.
Свршеницата на Роналдо не ја тргаше насмевката од лицето додека им позираше на папараците.
По којзнае кој пат, Џорџина беше критикувана што се фали со богатството, а по нејзиното појавување на фестивалот, експертите пресметаа и колку чини накитот што го носеше.
Таа носеше дијамантски обетки кои чинат над 10.000 долари, додека раскошниот ѓердан се проценува на околу 150.000 долари.
Цените на четирите прстени покрај свршеничкиот се движат од 10.000 до дури 22.000 долари.
Накитот е дело на италијанскиот дизајнер Паскал Бруни.
Не е новост славните дами да носат накит вреден неколку милиони на настани како Филмскиот фестивал во Венеција.
Обично тие не го поседуваат овој накит, туку го изнајмуваат или само го промовираат, како на модна писта.
Но, Џорџина наиде на критики поради фалењето.
По фотките од аеродромот во Венеција, се соочи и со нова доза критики:
„Боже Џорџина, сфативме – ти си богата ние сме сиромашни“.
„Мислам дека почнува да го срами Роналдо“.
„Наводно е добра личност и посветена мајка, но тешко ми е да ја почитувам кога се фали. Нема никаква класа“.
„Можела да си закачи и знак на кој ќе пишува 'ограби ме'“.
Откако ја најавија свршувачката со Роналдо, на Инстаграм добија и многу шеги на сметка на каменот:
„Ова е карпата што го потона Титаник“.
„Добила по еден карат за секоја година што го чекала Роналдо да ја запроси“.
„Ова е метеорот што ги уби диносаурусите“.
„Ова е каменот на мудроста (од Хари Потер)“.
За потсетување, Роналдо и Џорџина ги споделија вестите за свршувачката на почетокот од август, по десетина години заедно.
Спирова С. | Црнобело
