Роналдо конечно ја запроси Џорџина со огромен дијамантски прстен: „Да, во овој и сите мои животи“

Со фотка од огромен дијамантски прстен, Џорџина откри дека Роналдо конечно ја запросил по речиси цела деценија заедно. Досега имало безброј шпекулации дека се свршени, па и дека се во брак, но според објавата на Џорџина, дури сега фудбалерот клекнал на колено.

ronaldo-konechno-ja-zaprosi-dzhordzhina-so-ogromen-dijamantski-prrsten-da-vo-ovoj-i-site-moi-zhivoti-01.jpg

По скоро цела деценија заедно, Кристијано Роналдо конечно ја запроси Џорџина Родригез.

Џорџина сподели фотка на Инстаграм со огромен дијамантски прстен, а во описот открива дека фудбалерот ја побарал за жена.

„Да, во овој и сите мои животи“.

Досега имало безброј шпекулации дека Роналдо и Џорџина веќе се свршени, па дури и дека се венчале во тајност, но парот немаше потврдено ништо.

Многупати Џорџина споделувала и фотки со дијамантски прстени за кои се шпекулираше дека можеби се свршенички.

И фудбалерот многупати се соочил со прашањето зошто уште не се венчал со Џорџина, особено кога ќе се земе предвид дека имаат и заеднички деца.

ronaldo-konechno-ja-zaprosi-dzhordzhina-so-ogromen-dijamantski-prrsten-da-vo-ovoj-i-site-moi-zhivoti-02.jpg

Последно, пред неколку месеци, во интервју за реалното шоу на Џорџина, Роналдо прозборе за идејата за брак, истакнувајќи дека ќе се венчаат кога ќе почувствува дека е вистинскиот момент за тоа.

„Секогаш ѝ велам дека ќе се венчаме кога ќе ‘кликне’. Како за сè во нашиот живот. И, нејзе ѝ е јасно за што зборувам.

Може да биде за шест месеци или за еден месец. Но, јас сум 1.000% сигурен дека ќе се случи“.

Засега Роналдо нема споделено ништо за свршувачката, а не се знае ни колку пари потрошил за огромниот прстен.

Прочитајте и: Љубовната приказна на Роналдо и Џорџина Родригез: Добија дете по само 1 година врска, не сакаат да се венчаат

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Немаа ништо заедничко, не ни разговараа“: Зошто раскинаа Бредли Купер и Ирина Шајк? „Откако им помина првичната страст, им останаа малку заеднички работи. Бредли и ...
Роналдо „уловен“ како одмара на јахта со Џорџина, откако од „приватни причини“ не се појави на погре... Кристијано Роналдо беше забележан како ужива на јахта на Мајорка, заедно со свој...
Џорџина Родригез мета на шеги – повторно се фали со огромниот свршенички прстен: „Ова е карпата што ... Се споделија многу шеги на сметка на огромниот свршенички прстен на Џорџина Родр...
Клои Кардашијан со ретка изјава за нејзината маќеа: „Се венча со татко ми кога беше на смртна постел... Шест недели пред да почине од рак, Роберт Кардашијан се венчал со третата сопруг...
Гвинет Палтроу (52) ги покажа брчките на лицето, фановите ја фалат: „Конечно реална фотка, без филтр... Гвинет Палтроу старее природно и не се срами да објави фотка без филтри, на која...
Ја тера да трча маратон, не прави ништо без него: Дали Тревис ја контролира (и изневерува) Кортни Ка... „Се облекува како него, сака постојано да биде со него. Прави сè што прави тој, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg