Гвинет Палтроу (52) ги покажа брчките на лицето, фановите ја фалат: „Конечно реална фотка, без филтри“

Гвинет Палтроу старее природно и не се срами да објави фотка без филтри, на која ги покажа брчките на лицето, но и седата коса – фановите коментираат дека се воодушевени што конечно некој се покажа во вистинско издание.

gvinet-paltrou-52-gi-pokazha-brchkite-na-liceto-fanovite-ja-falat-konechno-realna-fotka-so-brchki-i-bez-fileri-na-usnite-01.jpg

Додека многу познати личности се одлучуваат за козметички процедури за мазнење на лицето и подмладување, но и користат филтри за фотографиите, има и такви кои сакаат природно стареење.

52-годишната актерка Гвинет Палтроу е една од тие што гордо го покажуваат лицето во природно издание, без шминка и со своите брчки и линии на кожата, но и седите влакна на косата. 

gvinet-paltrou-52-gi-pokazha-brchkite-na-liceto-fanovite-ja-falat-konechno-realna-fotka-so-brchki-i-bez-fileri-na-usnite-02.jpg

Таа објави фотографија на која позира со малку намуртено лице, што дополнително ѝ ги истакна брчките што многу жени ги имаат, а фановите се воодушевени од нејзиниот потег.

„Оваа фотографија е вистинско освежување, толку реална...“

„Ти благодариме што го нормализираш стареењето на жените. Јас сум во 50-тите години и изморена сум од жените кои се фотошопираат и прават да изгледаат 20 години помладо, со што создаваат нереални очекувања“.

„Ти благодариме за оваа фотографија. Во време кога 20-годишните прават сешто за да си го сменат лицето, убаво е кога ќе се види вистинска, нефотошопирана фотка од жена во 50-тите“.

„Драго ми е што објавуваш нормална фотографија од себеси, на секоја твоја возраст со соодветна убавина. И благодариме што немаш пополнети усни. Вистински убава и инспиративна“.

Инаку, со оваа објава таа ја најави новата колекција од нејзиниот бренд за облека GWYN, а освен пофалните коментари, имаше и такви кои велат дека ѝ недостасува насмевка.

„Вака изгледа како да држи слика од нејзиното изгубено дете...“

Во 2023-та, Гвинет зборуваше за природното стареење и тогаш кажа:

„Сакам да стареам најубаво што можам. Не се плашам од брчки. Не се плашам од тие работи што доаѓаат со стареењето, навистина“.

Таа води здрав живот, а речиси секогаш е во што е можно поприродно издание, без разлика за каков настан и пригода станува збор. 

gvinet-paltrou-52-gi-pokazha-brchkite-na-liceto-fanovite-ja-falat-konechno-realna-fotka-so-brchki-i-bez-fileri-na-usnite-04.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Родители осудија актерка која создаде маски за лице за мали деца: „Ова е токсично и умоболно“ „Сакав да направам нешто што функционира, а е доволно чисто за да можам да го ст...
Џастин Бибер мета на шеги за објавите по свадбата на Селена Гомез: „Ја изгуби, засекогаш“ Викендов Селена Гомез се омажи за Бени Бланко, а на Инстаграм, Џастин Бибер ја с...
Камерон Дијаз гордо си ги носи брчките: „Подобро да гледам како стареам, отколку да имам лице што не... „Сум пробала ботокс порано. Ми го промени целосно лицето на многу чуден начин и ...
Брчки, подбрадок: Како изгледаат лицата на славните на Мет гала 2026, без Фотошоп и филтри? Без Фотошоп и бројни филтри, Крис Џенер сепак не изгледа како жена со 40-тина го...
Бритни покажа дека живее во хаос и прозборе за Сем Ашгари првпат по разводот: „Тажно е за гледање, ѝ... По реакциите и загриженоста на фановите, Бритни го избриша видеото во кое се гле...
Ќерката на Гвинет Палтроу е разгалена дива како неа: Ја избркале од училиште поради булинг - таа нег... Неодамна, ќерката на Гвинет Палтроу се огласи за шпекулациите дека била избркана...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg