Џорџина критикувана на Филмскиот фестивал во Венеција: „Не мора да се фали со свршеничкиот прстен, изгледа невкусно“
- Детали
- понеделник, 01 септември 2025
„Во кој филм се појави Џорџина за да гостува на фестивалот? Или треба да бидеме заслепени од нејзиниот накит?“ – гласи една од многуте критики за свршеницата на Кристијано Роналдо, која го искористи појавувањето на фестивалот во Венеција за да се појави со огромниот свршенички прстен.

Како и претходните две години, Џорџина Родригез се појави на годинешното издание на Филмскиот фестивал во Венеција.
Иако самата не е актерка и освен нејзиното ријалити шоу нема никаква поврзаност со филмската индустрија, 31-годишната Џорџина сака да доминира на настанот.
А, годинава имаше и со што да се пофали – свршеничкиот прстен од Кристијано Роналдо кој се проценува на околу три милиони долари.
Џорџина се појави со долг црн фустан со тантела, во комбинација со раскошен ѓердан и неколку прстени, вклучувајќи го и свршеничкиот.
Додека позираше на црвениот тепих, во преден план ги местеше дланките, односно огромниот дијамантски прстен од фудбалерот.
Џорџина пристигна во Венеција во саботата (30.08), каде беше фотографирана со истиот накит. И за папараците таа го истакна свршеничкиот прстен, пред да се упати кон хотелот.
На фестивалот, Џорџина присуствуваше на сегмент од фестивалот познат како Filming Italy Venice Award, па покрај неа на црвениот тепих имаше низа холивудски ѕвезди, иако во поскромни изданија.
Меѓу гостите беа Кевин Спејси, Вилем Дефо, Алисија Силверстоун…
Џорџина доби комплименти за изгледот, но се соочи и со критики дека повторно „се расфрла“ и се фали со парите на фудбалерот.
„Делува невкусно“.
„Зошто Џорџина мисли дека е толку важна? И зошто ги покажува прстите? Ја запросил фудбалер, па сега мисли дека е холивудска ѕвезда“.
„Сега ќе стане главна мета на крадците“.
„Во кој филм се појави Џорџина за да гостува на фестивалот? Или сега треба да бидеме заслепени од нејзиниот накит? Изгледа патетично“.
„Џорџина, нема потреба да се фалиш“.
Прочитајте и: Ја чекаше пред работа со Bugatti, се маскираше за да ја однесе во Дизниленд - Како Роналдо се жртвуваше за Џорџина на почетокот?
Повеќе фотки од Џорџина во Венеција:
Спирова С. | Црнобело
