Ја чекаше пред работа со Bugatti, се маскираше за да ја однесе во Дизниленд - Како Роналдо се жртвуваше за Џорџина на почетокот?
- Детали
- сабота, 23 август 2025
Роналдо, кој во 2016 веќе беше еден од најпознатите во светот, реши да ѝ ја исполни желбата на саканата - првпат да го види Дизниленд. Иако знаеше дека ќе има апарати и фанови, сепак ја одведе Џорџина таму - стави перика, темни очила, бејзбол капче и јакна со качулка за да може незабележано да се движи низ толпата луѓе.

Требаа да поминат 8 години во врска и да добијат две биолошки деца (и уште три со сурогат мајка), за Кристијано Роналдо да ја запроси Џорџина Родригез.
Фотографијата на која се гледа огромниот дијамантски свршенички прстен има преку 18 милиони лајкови - како и луѓето од целиот свет да сакаа да кажат „конечно“.

Но, тоа за што Џорџина чекаше цели осум години, Роналдо знаеше дека ќе го направи брзо откако им почна врската, кон крајот на 2016 година.
По само неколку состаноци тој сфатил дека „обичната“ продавачка од продавницата на Gucci, која за запознал додека купувал таму, е жената со која сака да го помине остатокот од животот.
Толку бил сигурен во својата одлука, што на крајот на првиот љубовен состанок, веднаш договорил и втор.

Во една пригода Џорџина кажа дека на почетокот сето тоа ѝ било многу чудно - таа одела на работа со автобус, а навечер, кога ќе ѝ завршела смената, Кристијано ја чекал во своето скапо Bugatti.
„Кога го видов, беше толку згоден, што ме фати срам. Но имав пеперутки во стомакот.
Чувствував како да се знаеме цел живот. Се сеќавам, кога првпат се држевме за рака и почувствував неверојатен мир и енергија“ - рекла таа.

Фудбалерот, кој во тоа време веќе беше еден од најпознатите во светот, сакаше да ѝ ја исполни најголемата желба на Џорџина - да го види првпат Дизниленд.
Иако знаеше дека насекаде ќе има фанови и камери, реши да ја одведе Џорџина таму, па стави перика, темни очила, бејзбол капче и јакна со качулка и проба незабележано да се движи низ толпата луѓе.
Сепак, многумина го препознаа и фотките беа објавени во медиумите, по што почнаа шпекулациите дека Кристијано има нова девојка.

Првпат се појавија заедно на доделувањето на ФИФА наградите во Цирих, на почетокот на 2017-та, а со нив беше и најстариот син на Роналдо, што само потврди колку биле сериозни намерите на Кристијано уште на почетокот.
Во јуни истата година, Роналдо доби близнаци со сурогат мајка, а само еден месец подоцна објавија дека Џорџина е бремена.

Првите гласини дека се свршиле се појавија во ноември 2018 година, но во реалноста, Кристијано за запроси мајката на своите деца скоро 7 години по ова.
Парот, наводно веќе се подготвува за венчавката, која треба да се одржи во 2026 година, а Џорџина наголемо ги подготвува сите детали за најважниот ден во својот живот, кога ќе стане госпоѓа Роналдо.

А. Ј. | Црнобело
