Родителите на Коби Брајант не ја сакале, тој ја изневерувал: Тажниот живот на Ванеса Брајант
- Детали
- сабота, 31 јануари 2026
Доби тужба од мајка ѝ, сакаше да се разведе од Коби поради наводните неверства, а кога тој беше на суд за силување, доживеала спонтан абортус.

Пред да ги загуби сопругот и ќерка ѝ, Ванеса веќе се соочила со низа премрежја во животот.
А, среде најголемата трагедија, доби тужба од мајка ѝ која сакаше да изнуди пари од неа.
Тажни детали од животот на Ванеса Брајант:
Во младоста имала сериозни финансиски проблеми
Родителите на Ванеса се разделиле додека таа била бебе, а со татко ѝ речиси и да немала контакт.
Мајка ѝ се премажила, а кога Ванеса била во средно, почнале да се соочуваат со сериозни финансиски проблеми.
Нејзината мајка била избркана од работа, а поради повреда на грбот, веќе не ни можела да работи.
Долговите само им се зголемувале, па на крај прогласиле банкрот.
И, ова се случило само неколку денов пред Ванеса да се сврши со Коби.
Иако по свршувачката состојбата на семејството на Ванеса се подобрила, таа има откриено дека мајка ѝ се развела од очувот токму поради парите.
Имено, Коби бил несебичен со своите пари, па поради ова очувот почнал да се чувствува безначајно. Ситуацијата толку ескалирала, што по разводот, очувот ја нарекуваше Ванеса и „спонзоруша“.
Родителите на Коби не ја сакале
Иако Коби има изјавено дека со Ванеса имале „љубов на прв поглед“, нивните родители не ја одобрувале врската.
Од една страна, проблем било тоа што Ванеса имала 17, а Коби 21 година и ова им пречело на мајката и очувот на Ванеса.
Од друга, родителите на Коби не ја сакале Ванеса бидејќи имала латиноамериканско потекло, а бидејќи мислеле и дека кошаркарот многу брза.
На крај, Коби и Ванеса се венчаа без нивните родителите да присуствуваат на свадбата.
Ситуацијата меѓу Коби и неговите родители била полоша, па откако го добија првото дете со Ванеса, татко му чекал цели две години пред да оди да го види.
Доживеа спонтан абортус
Во 2005 година, Ванеса доживеала спонтан абортус. Коби ја откри трагедијата дури во 2015-та.
Во периодот кога Ванеса го изгубила бебето, Коби се соочуваше со обвиненија за силување, па сподели дека се обвинувал себеси.
„Тогаш го очекувавме нашето второ дете… Бевме под толку многу стрес, што Ванеса имаше спонтан абортус. Се чувствувам како јас да сум виновен“.