Родителите на Коби Брајант не ја сакале, тој ја изневерувал: Тажниот живот на Ванеса Брајант

Ванеса поднесе барање за развод од Коби

Иако заедно поминаа низ многу, во 2011 година, Ванеса поднесе барање за развод.

Според некои извори, причината биле неверствата на Коби за кои многу се шпекулираше. Наводно, Ванеса многупати го фатила со други жени.

Сепак, околу девет месеци подоцна, тие се премислија, а Ванеса сподели дека одлучиле да почнат да работат на нивниот брак.

roditelite-na-kobi-ne-ja-sakale-toj-ja-izneveruval-tazhniot-zhivot-na-vanesa-brajant-7.JPG

Ја нарекуваа „спонзоруша“

Покрај очувот, и голем дел од јавноста ја нарекуваше Ванеса „спонзоруша“, најмногу поради тоа што поднесе барање за развод кога поминаа десет години од свадбата.

Според законот, ова значело дека Ванеса ќе добие многу пари – можеби и половина од богатството на Коби бидејќи немале предбрачен договор.

Некои прогнозира дека доколу се разведат, би можела да добие над 75 милиони долари.

roditelite-na-kobi-ne-ja-sakale-toj-ja-izneveruval-tazhniot-zhivot-na-vanesa-brajant-03.JPG

Дозна за смртта на Коби и ќерка им преку социјалните мрежи

Во 2020 година, Коби Брајант и ќерка му Џијана загинаа во хеликоптерска несреќа.

Следната година, Ванеса откри дека била известена за несреќата од асистентката на нивното семејство. Но, таа погрешно ѝ кажала дека има пет преживеани, па Ванеса мислела дека Коби и Џијана се спасиле.

Веднаш ѝ се јавила на мајка ѝ за да ги чува помалите деца, за таа да може да отиде и да ги види Коби и Џијана.

roditelite-na-kobi-ne-ja-sakale-toj-ja-izneveruval-tazhniot-zhivot-na-vanesa-brajant-05.JPG

„Како што завршив со разговорот со мајка ми, на телефонот почнаа да ми излегуваат нотификации со пораката ’Почивај во мир Коби‘“, сподели Ванеса.

Набрзо потоа и надлежните ѝ ги потврдиле страшните вести.

roditelite-na-kobi-ne-ja-sakale-toj-ja-izneveruval-tazhniot-zhivot-na-vanesa-brajant-10.JPG

Доби тужба од мајка ѝ

Како смртта на сопругот и ќерка ѝ да не беше доволно, Ванеса доби и тужба од мајка ѝ во најболниот период од животот.

Неполна година од трагедијата, мајка ѝ ја тужеше со тврдење дека со Коби ѝ должеле 5 милиони долари бидејќи им била дадилка на нивните деца.

roditelite-na-kobi-ne-ja-sakale-toj-ja-izneveruval-tazhniot-zhivot-na-vanesa-brajant-08.jpg

Исто така, таа тврдеше дека Коби ѝ ветил финансиска поддршка.

„За жал, ветувањето на Коби Брајан не беше исполнето бидејќи сега е починат, а Ванеса Брајант направи сè во нејзина моќ за да ги избегне неговите ветувања“, тврдеше мајка ѝ.

Таа се соочи со остри критики од јавноста, додека Ванеса сподели дека мајка ѝ само сакала да изнуди пари од неа.

roditelite-na-kobi-ne-ja-sakale-toj-ja-izneveruval-tazhniot-zhivot-na-vanesa-brajant-12.JPG

Прочитајте и: Немаа предбрачен договор, планираа да се разведат: Помалку познати детали за бракот на Ванеса и Коби Брајан

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Била зависничка од дрога, денес има 73 години – Каде е и што прави Ивет од бразилската серија „Клон“... Во 1969-та била Мис Бразил, го изгубила старателството над синот заради зависнос...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Нови детали за убиството на режисерот и сопругата: Синот ги убил со нож додека спиеле, неговата соба... Ник Рајнер им ги пресекол грлата на родителите додека спиеле, по што изнајмил со...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Федерер ја возвишува сопругата Мирка: „Одам со неа на шопинг и по 10 часа и правам сè што ќе посака ... „Кога сме на одмор, правам сè што таа ќе посака. Ако сака да оди 10 часа на шопи...

Најчитани неделава