Немаа предбрачен договор, планираа да се разведат: Помалку познати детали за бракот на Ванеса и Коби Брајант
- Детали
- недела, 30 ноември 2025
Знаете ли дека околу една деценија пред трагичната смрт на Коби, Ванеса поднесе барање за развод? Пред да се венчаат, пак, родителите на Коби сметале дека таа не е достојна за него и, на крај, не ги поканиле на свадба.

Коби и Ванеса Брајант беа меѓу омилените славни парови.
Дури и оние кои никогаш не следеле кошарка, имаа слушнато за кошаркарот и неговата голема љубов.
За жал, среќната приказна има трагичен крај – Коби загина во хеликоптерска несреќа, заедно од една од нивните четири ќерки.
Во продолжение, помалку познати детали од нивниот брак:
Се свршиле по само шест месеци врска
Во 1999-та, кога имала 17 години, Ванеса почнала да се појавува во музички видеа.
Тој период и Коби Брајант пробуваше да се пробие во музичката индустрија, па ја издаде песната K.O.B.E.
Ванеса добила понуда да се појави во спотот и тогаш го запознала Коби.
Бидејќи станувало збор за љубов на прв поглед, почнале врска речиси веднаш, а само шест месеци подоцна кошаркарот ја побарал за жена.
Ванеса уште била во средно, па нејзината врска со кошаркарот ѝ предизвикувала проблеми – некогаш тој ѝ испраќал цвеќе на училиште, а некогаш и доаѓал да ја земе, па соучениците правеле метеж да го видат.
Па, на крај, Ванеса го довршила средното училиште од дома.
Направија мала свадба
Коби и Ванеса се венчаа во 2001 година, со мала церемонија.
Но, наводно нивната венчавка создала раздор меѓу нивните семејства бидејќи Коби не сакал предбрачен договор затоа што бил сигурен во нивната љубов.
Родителите на Коби биле загрижени за ова, па дури и мислеле дека таа не е соодветна за него бидејќи потекнува од посиромашно семејство.
Коби не ги слушал, па на свадбата со Ванеса не присуствуваа неговите родители.
Ванеса му беше поддршка кога Коби беше обвинет за силување
Во 2003 година, Коби Брајан беше обвинет за сексуален напад од 19-годишна девојка.
Кошаркарот стоеше на ставот дека имал односи со неа, но дека било со согласност, никако присилно.
Потоа девојката ја повлече тужбата, а Коби јавно се извини:
„Жената одлучи да не сведочи и случајот беше отфрлен. Исто така сакам да кажам дека не се сомневам во мотивите на оваа млада жена. Не ѝ платив ништо (за тужбата).
Иако искрено верувам дека нашата средба беше со согласност, сега сфаќам дека таа можеби не го гледала настанот исто како мене“.
Очекувано, тужбата сигурно имала влијание врз односот со Ванеса, но таа му беше поддршка до самиот крај.