Немаа предбрачен договор, планираа да се разведат: Помалку познати детали за бракот на Ванеса и Коби Брајант
Ванеса имаше спонтан абортус
Во 2005 година, Ванеса доживеа спонтан абортус, а подоцна кошаркарот ја презеде вината за тажниот настан.
„Вистината е дека ова се случи заради мене. Го очекувавме нашето второ дете во периодот кога беше судењето со сексуалниот напад…
Имаше многу стрес и Ванеса доживеа спонтан абортус. Тешко ми е да се справам со ситуацијата бидејќи се чувствувам како да е моја вина“.
Набрзо потоа, Коби и Ванеса ги обновија нивните завети.
Ванеса поднесе барање за развод
Иако изгледаа како еден од најсреќните славни парови, во 2011 година, Ванеса и Коби најавија дека ќе се разведуваат, по две деца и десет години заедно.
Ванеса била таа која го поднела барањето, наводно поради „ненадминливи разлики“.
Таа побарала заедничко старателство, но децата поголем дел од времето да живеат со неа.
Не е позната причината за барањето, но се шпекулираше дека Коби бил неверен. Се зборуваше и за фактот што немаат предбрачен договор.
Сепак не се разведоа
На почетокот од 2013 година, Коби и Ванеса споделија дека нема да се разведат.
„Среќен сум што јас и Ванеса ќе продолжиме со нашите животи заедно, како семејство. Ви благодарам на сите за поддршката и молитвите“, сподели кошаркарот.
Извор близок до парот пак изјави дека ова а е знак дека вистински се сакаат.
„Не треба да заборавите дека Коби ја запозна Ванеса кога таа имаше 16-тина години. Оттогаш се заедно. Имаат многу историја, и добра и лоша.
Изненаден сум што Ванеса остана бидејќи можеше да добие над 100 милиони долари од разводот. Сигурно го сака“.
Ванеса се соочи со правни и финансиски проблеми по трагичната смрт на Коби
Коби и Ванеса добија четири ќерки и по драмата со разводот, животот им беше хармоничен, сè до трагичната смрт на кошаркарот.
Во 2020-та, неполна година откако ја добија четвртата ќерка, Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа. Со него беше и ќерка им Џијана која исто така не ја преживеа несреќата.
Но, наместо да може да тагува во мир, Ванеса почна војна со мајка ѝ Софија.
Софија поднесе тужба против Ванеса, со тврдење дека работела како дадилка и личен асистент за неа и Коби, но никогаш не била платена.
Наместо тоа, Коби ѝ ветил дека ќе ја издржува финансиски, па сега Ванеса не го исполнувала ветувањето.
На ова, Ванеса изјави:
„Ќе продолжи да се обидува да изнуди пари од нашето семејство. Таа е баба која беше издржувана од мене и нејзиниот зет, по мое барање.
Сега сака да ми наплати и 96 долари од час бидејќи наводно работела 12 часа дневно, во период од 18 години, додека се грижела за нејзините внуци“.
Ванеса додаде дека понекогаш баба им се грижела за двете постари ќерки, но кога почнале да одат на училиште, немало потреба од тоа.
Случајот беше затворен во втората половина на 2021-ва, а деталите се непознати за јавноста.
Истиот период, полицајци и пожарникари имаа споделено вознемирувачки фотографии од мртвите тела на Џијана и Коби.
Па, Ванеса водеше судска битка и против нив.
Спирова С. | Црнобело