Џорџина не престанува да се фали со раскошниот живот во Саудиска Арабија, откако Роналдо стана прв фудбалер милијардер
- Детали
- вторник, 10 февруари 2026
Кон крајот на минатата година, Кристијано Роналдо стана првиот фудбалер кој стекнал статус на милијардер, а Џорџина Родригез ја користи секоја можност да се пофали со богатството. Неодамна таа покажа како изгледа нивниот раскошен дом уреден во минималистички стил, а гордо позираше и до еден од нивните луксузни автомобили.

Неодамна Кристијан Роналдо стана првиот фудбал милијардер, а неговата свршеница Џорџина не пропушта можност да се пофали со богатството.
32-годишната Џорџина сподели неколку фотки од нивниот раскошен дом во Саудиска Арабија, како и фотки со еден од нивните луксузни автомобили.
На една фотографија Џорџина позира и со Hermes чанта која чини над 20.000 долари.
На фотките се гледаат и детали од нивниот дом кој е уреден минималистички.
Во опис, стои само еден збор – „Дом“.
Неколку денови претходно, Џорџина сподели уште една фотка со луксузниот автомобил, додека на друга позира во приватен авион на чии седишта е испишано нејзиното име.
Џорџина и Роналдо се запознаа во 2016-та, а се свршија минатата година.
Од 2022 година живеат во Саудиска Арабија, откако Роналдо потпиша договор со клубот Al-Nassr со кој добива над 175 милиони долари годишно.
Покрај огромната заработка од договорот, Роналдо поседува дел од клубот, што му носи дополнителни приходи.
Па, минатата година стана првиот фудбалер кој го стекнал статусот милијардер.
За Џорџин,а пак, веќе е познато дека сака да се фали со парите на свршеникот.
Неодамна се пофали дека си купила Rolex часовник кој чини над 45.000 долари, додека Роналдо ја запроси со дијамантски прстен кој се проценува на скоро 3 милиони долари.
