Сопругата и љубовницата му беа бремени истовремено, доби петто дете на 58 години - Љубовните афери на Борис Бекер
- Детали
- недела, 30 ноември 2025
Еден од најголемите заводници во тенискиот свет, Борис Бекер, наводно ја одвел во кревет секоја жена што ќе го погледнела слатко. Зад себе има два пропаднати брака, љубовни афери, а во моментов е оженет со 23-години помлада жена, со која неодамна доби ќерка...

Легендарниот германски тенисер Борис Бекер неодамна го доби своето петто дете, а среќната вест ја објави на Инстаграм еден ден пред својот 58-ми роденден.
Тој објави фотка на која се гледа како се држи за рака со сопругата Лилијан де Карваљо Монтеиро и бебето, кое е девојче, а на кое ѝ го дадоа името Зои Виторија Бекер.

Ќерката се роди една година откако парот се венча во септември 2024 година во Портофино.
„Се запознавме во време кога бев целосно скршен - професионално, ментално и физички.
Се чувствував полошо од кога било во мојот живот. Сепак, Лилијан виде нешто во мене и остана со мене“, рече Бекер по венчавката.

Сопругата е 23 години помлада од него. Се запознале во 2019-та, а се свршиле во летото 2022 година.
Потоа Бекер отиде во затвор на отслужување казна, а Лилијан го чекала осум месеци да излезе.

Пред овој брак, Бекер го следеше репутација на вистински Дон Жуан.
Наводно, ја одвел во кревет секоја жена што ќе му се додворувала или допаднала, па давал сè од себе за да ја освои.
Борис и првата сопруга
Скандалозниот тенисер, освен ќерката што се роди неодамна, има уште четири деца од претходни врски и бракови: синовите Ноа и Елиас од бракот со Барбара Фелтус, ќерката Ана со руската манекенка Ангела Ермакова и синот Амадеус од бракот со Лили Керсенберг.
Со синот Елиас
Со првата сопруга Барбара бил заедно од 1993 до 2000 година. Нивниот брак се распаднал откако Борис ѝ признал на сопругата за неговата афера со манекенката Ангела Ермакова и тоа во време додека Барбара била бремена со нивниот втор син.
Тој, наводно, морал да ја признае аферата бидејќи и љубовницата била истовремено бремена и му се заканувала дека таа ќе ѝ каже на жена му за нивната врска.
„Тоа ме стави на насловните страници и го уништи мојот брак со Барбара, иако веројатно тој ќе завршеше секако.
Но, добив ќерка, убава млада жена која ја сакам од првиот момент откако се роди.
Се срамам од начинот на кој се случи сè и што го уништив семејството.
Мајката на Ана и јас станавме родители без да си бидеме ништо еден на друг пред нејзиното раѓање“ - изјавил во една пригода.
Со синот Ноа
Ана има 25 години и успешно се занимава со манекенство, но сепак најголемото внимание го привлекува поради својот познат татко.
Втората сопруга на Бекер е холандската манекенка Лили Керсенберг. Тие се венчаа во 2009 година, по четири години врска, но во 2018-та објавија дека се разведуваат.
„Ова не беше лесна одлука. Проблемите во бракот се појавија по банкротот на Борис“, изјавил во тоа време адвокатот на Бекер.
Со 23-години помладата сопруга
И Лили го коментирала разводот. Таа рекла:
„Беше тоа тешка година, целосно се запуштив. Пушев, пиев, излегував премногу и не ми беше грижа за мојот физички изглед. Мислев дека мојот живот е ужасен и дека ќе умрам.
Во тоа време, Борис поминуваше низ пекол и не ме забележуваше. Едноставно се разделивме и секој си тргна по свој пат“.

А. Ј. | Црнобело