Како сопругата му покажа љубов со еден потег на „доктор Слоун“ од Grey’s Anatomy, кој почина на 53 години?

Во 2018 година, сопругата на Ерик Дејн поднесе барање за развод. Но, парот ја развлече постапката, за во 2025-та сопругата Ребека да го повлече барањето. Неколку години претходно, пак, во јавност протече нивна приватна снимка.

sakaa-da-se-razvedat-no-se-premislija-poradi-bolesta-na-akterot-ljubovnata-prikazna-na-erik-dejn-i-soprugata-rebeka-01.jpg

Во четвртокот (19.02) Ерик Дејн ја изгуби битката со амиотрофичната латерална склероза и почина на само 53-годишна возраст.

Последните денови ги поминал со своите најблиски – двете ќерки и сопругата Ребека со која беше во брак од 2004 година.

Во 2018-та, тие планираа да се разведат, но дијагнозата на актерот повторно ги зближи и Ребека остана покрај него до самиот крај.

sakaa-da-se-razvedat-no-se-premislija-poradi-bolesta-na-akterot-ljubovnata-prikazna-na-erik-dejn-i-soprugata-rebeka-09.JPG

Дури и Ребека изјави дека болеста им помогнала да го подобрат односот, без разлика што нивната врска веќе не била романтична како на почетокот.

„Добро е што минуваме многу време заедно и мислам дека е убаво што децата можеби ја гледаат нашата помека страна.

Тие не се надеваат дека повторно ќе бидеме заедно како порано бидејќи ја разбираат реалноста на ситуацијата.

Нашата врска е комплицирана, ги збунува луѓето. Нашата љубов можеби не е романтична, но е семејна“, сподели Ребека во декември минатата година.

sakaa-da-se-razvedat-no-se-premislija-poradi-bolesta-na-akterot-ljubovnata-prikazna-na-erik-dejn-i-soprugata-rebeka-10.JPG

Детали за љубовната приказна на Ерик и Ребека:

Се венчаа една година откако се запознаа

Ерик и Ребека немаат откриено многу детали за почетоците на нивната врска.

Единствено е познато дека се запознале во 2003-та и веднаш почнале врска.

„Мислам дека нашата љубовна приказна е најмалку интересна. Ја прашав дали сака да излезе заедно, ми рече да и десет месеци подоцна се венчавме“, има откриено Ерик.

Парот се венча во Лас Вегас, во октомври 2004 година.

sakaa-da-se-razvedat-no-se-premislija-poradi-bolesta-na-akterot-ljubovnata-prikazna-na-erik-dejn-i-soprugata-rebeka-06.JPG

Нивна приватна снимка протече онлајн

Во 2009 година на интернет се појави снима на која се гледаат Ерик Дејн, сопругата Ребека и американската мисица Кари Ен Пениче голи во џакузи.

Снимката беше објавена на веб-сајт без дозвола на парот и нивната пријателка.

„Видеото не треба да се третира како секс снимка бидејќи прикажува приватен момент на брачен пар, снимен пред неколку години, кој никогаш не требало да биде прикажан во јавност.

Тоа е приватна снимка и никој нема право да ја експлоатира“, сподели портпаролот на Ерик и Ребека.

sakaa-da-se-razvedat-no-se-premislija-poradi-bolesta-na-akterot-ljubovnata-prikazna-na-erik-dejn-i-soprugata-rebeka-05.JPG

Неколку месеци подоцна тие го судеа веб-сајтот што ја објави снимката.

На крај, веб-сајтот ја тргна снимката и му исплати непозната сума на парот, па тие ја повлекоа тужбата.

sakaa-da-se-razvedat-no-se-premislija-poradi-bolesta-na-akterot-ljubovnata-prikazna-na-erik-dejn-i-soprugata-rebeka-02.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
„Немаа ништо заедничко, не ни разговараа“: Зошто раскинаа Бредли Купер и Ирина Шајк? „Откако им помина првичната страст, им останаа малку заеднички работи. Бредли и ...
Славни личности кои (првпат) стапиле во брак во тинејџерските години Мерилин Монро првпат се венчала на само 16 години, во период кога малолетничките...
Имал афери со мажи, добил 11 деца од неколку жени: Бурниот љубовен живот на Марлон Брандо Марлон Брандо се венчал трипати, а додека бил во брак, секогаш имал и љубовници....
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg