Девојката на Ерик Дејн објави нивни фотки - Му беше поддршка до смртта, покрај сопругата
- Детали
- понеделник, 23 февруари 2026
Иако беше во брак со сопругата Ребека уште од 2004 година, Ерик Дејн ги поминал последните 2-3 години од животот со друга жена. Со сопругата велеа дека нивната врска не е романтична, додека Ерик криеше детали за девојка му.

Актерот Ерик Дејн, кој почина 19-ти февруари годинава, од 2004 година беше во брак со сопругата Ребека Гејхарт.
Тие сакаа да се разведат во 2018-та, но ја развлекоа постапката, а откако актерот беше дијагностициран со амиотрофична латерална склероза, го повлекоа барањето за развод.
Иако продолжија заедно да се грижат за нивните две ќерки, па и да одат на семејни одмори, како што има изјавено Ребека, нивната врска изминативе неколку години сепак не била романтична.
И двајцата признаваа дека нивната врска можеби изгледа комплицирано за јавноста, но дека тие среќни.
Истовремено, Ерик Дејн имал и девојка со која го поминал последните години од животот.
По трагичната смрт на Ерик, неговата девојка Џанел Сиртклиф сподели неколку фотографии од неа и актерот.

Иако според блиските Ерик бил среќен со Џанел, во едно од неговите последни интервјуа, тој зборуваше за љубовта што ја чувствува кон сопругата Ребека.
„Уште се сакаме. Мислам дека не сакаме да живееме заедно, но меѓу нас има многу љубов.
Никогаш нема да се вљубам во друга жена колку што ја љубев Ребека. Таа е мајка на моите деца“.
Девојката на актерот, Џанел, имала разбирање за неговиот комплициран однос со Ребека и според она што е познато за јавноста, биле заедно неколку години.