Еден ја натерал да абортира, друг ја спасувал кога пробувала да се убие: Тажниот љубовен живот на Џуди Гарланд
- Детали
- сабота, 18 јули 2026
Само еден месец откако се венчала со петтиот сопруг, Џуди Гарланд се предозирала и умрела. Вториот сопруг, пак, бил 20 години постар од неа, а со него ја доби ќерката Лајза Минели.

Иако била меѓу најпознатите холивудски актерки, целиот живот на Џуди Гарланд бил исполнет со трагедии.
Битките со депресија, анксиозност, како и зависност го направиле нејзиниот живот нималку убав.
Џуди немала многу среќа ни во љубовта и се венчала петпати, пред да почине на само 47-годишна возраст.
Што знаеме за браковите на Џуди Гарланд?
Дејвид Роуз
Првиот сопруг на Џуди Гарланд е британскиот композитор Дејвид Роуз, кој воедно бил 12 години постар од неа.
Се венчале кога Џуди имала само 19 години.
Но, кратко по свадбата се соочиле со проблеми – мајката на Џуди, но и студиото MGM со кое имала договор сметале дека бракот ќе ѝ ја уништи репутацијата.
Ни Дејвид не бил нешто добар кон Џуди и во една пригода ја присилил да направи нелегален абортус.
Па, по три години, тие се развеле.
Винсент Минели
Кратко по првиот развод, Џуди почнала да се гледа со режисерот Винсент Минели, кој бил уше постар од неа – цели 20 години.
И овој брак завршил со развод, но Винсент барем ѝ помогнал во кариерата и тој ја убедил да престане да се претставува како „добра девојка“ како што ја терало студиото.
Џуди и Винсент ја добија ќерката Лајза Минели која подоцна ќе тргне по стапките на мајка си.
Во периодот додека била во брак со Винсент, Џуди имала проблеми со зависност, депресија и анксиозност, а на крај добила и отказ од MGM.
Двапати пробала да си го одземе животот, имала многу афери и во 1951-ва, со Винсент решиле да се разведат.
Сидни Луфт
Најдолгиот брак на Џуди е со третиот сопруг – бизнисменот Сидни Луфт.
Џуди првпат го запознала на 15-годишна возраст, но тие ја почнале врската дури откако актерката наполнила 29.
Овој период, таа уште била во брак со Винсент, а нејзиното ментално здравје било навистина лошо.
Во своите мемоари, Сидни Луфт спомнува неколку вознемирувачки ситуации со Џуди:
„Џуди си го пресече грлото со жилет. Кои демони ја опседнаа нејзината душа, кога нејзиниот живот изгледа толку богат и продуктивен?“
Тој се присетува и на друг момент кога Џуди пробала да си го одземе животот:
„Кога Џуди излезе во нејзината кратка ноќница од тантела, ги држеше рацете пред неа и рече ’Гледај миличок, гледај што направив‘.
Зглобовите ѝ беа пресечи и многу крвавеше‘“.