Роналдо „уловен“ како одмара на јахта со Џорџина, откако од „приватни причини“ не се појави на погребот на Жота
- Детали
- вторник, 08 јули 2025
Кристијано Роналдо беше забележан како ужива на јахта на Мајорка, заедно со својата партнерка Џорџина Родригез, додека многумина коментираат дека изгледа тоа беа неодложните обврски заради кои не присуствуваше на погребот на соиграчот Диого Жота.

Роналдо деновиве е на одмор на Мајорка, каде ужива со неговата сакана Џорџина Родригез.
Пред неколку дена, на социјалните мрежи се појави и снимка од негови обожавателки кои додека уживале на својата јахта, го виделе фудбалерот како плива околу нив, а сега тој повторно е фотографиран на јахта.

Кликнете на видеото направено пред неколку дена од негови обожаватели:
Многумина коментираат дека изгледа тоа беа неговите неодложни приватни причини да не се појави на погребот на Диого Жота.

Во медиумите се ширеа разни шпекулации зошто тој не присуствувал на погребот на неговиот соиграч од репрезентација, иако голем дел од фудбалерите се појавиле.

Според едни, тој не сакал да привлече внимание со своето присуство, според други - не сакал да ги откаже обврските што ги имал договорено за тој ден или едноставно бил премногу сензитивен заради приватни трагедии во животот.

Еден ден по погребот, капитенот на националниот португалски тим, беше забележан како одмара на јахта на Мајорка и разговара со Џорџина.


По критиките, неговата сестра јавно се огласи и го одбрани, а наводно фудбалерот основал фонд и одвоил средства кои се наменети за школување за трите деца на Жота.
Прочитајте повеќе: Роналдо со срце од злато! Го критикуваа дека не дојде на погребот на Диого Жота, а тој ќе плаќа за школување на неговите деца
Повеќе фотографии на кои Џорџина и Роналдо се уловени на јахта:




М. М. | Црнобело
