Викторија и Дејвид Бекам ја разгореа страста на јахта – таа не може да му одолее на згодниот сопруг (фото)
- Детали
- понеделник, 04 август 2025
Дејвид чита книга, но Викторија има други планови за него – Бекамови уловени во страсни пози додека уживаат на одмор на јахта во Сен Тропе. Оваа сезона, голем број славни личности го поминаа одморот во пловење со јахта.
Викторија и Дејвид Бекам периодов се на романтичен одмор во Сен Тропе на нивната јахта од 18 милиони евра.

Парот беше „уловен“ на фотографии како ужива во љубовта и по речиси три децении поминати заедно, а страста изгледа како никогаш да не избледела.
Откако останаа сами, по посетата од семејствата на Ева Лонгорија и Гордон Ремзи, двајцата како да не можат да ги тргнат рацете еден од друг.

Дејвид е фотографиран со книга во рака, но неговата сопруга изгледа има други планови за него, па разменија нежности и страсти додека му седеше во скут и прегратка.

Потоа тој го покажа згодното тело на 50 години, додека се разладуваше на туш.

Инаку, тие на овој одмор не се целосно сами, туку со сите нивни деца освен Бруклин.
Семејството Бекамови е забележано како ужива на јахтата, но и како со чамче отпловува до брегот за прошетка.
Неодамна, Круз беше мета на критики заради обидот да го имитира татко му.
Прочитајте повеќе: Круз Бекам неуспешно го имитира згодниот татко во бели гаќи, го исмеваат дека личи на дете во пелени
Повеќе фотки од Бекамови на јахта во Сен Тропе:



