Круз Бекам неуспешно го имитира згодниот татко во бели гаќи, го исмеваат дека личи на дете во пелени
- Детали
- петок, 01 август 2025
„Личи на искубана кокошка“, „Брат, што ти е, немаш 8 години“, „Личиш како да носиш пелени“ - се дел од коментарите на неговата објава на Инстаграм.

Најмалиот син на Дејвид и Викторија Бекам, Круз, е на летување на јахта, со девојката и со братот Ромео.
Тој сподели фотка на Инстаграм на која носи бели гаќи за капење, седнат со раширени нозе, слично како позата на неговиот славен татко од рекламата за гаќи на Boss.

Но, Круз, не го постигна истиот ефект како Дејвид со рекламата.

Следбениците почнаа да го исмеваат дека потсетува на дете во пелени, а не на секси маж како неговиот татко.
„Личи на искубана кокошка“, „Брат, што ти е, немаш 8 години“, „Личиш како да носиш пелени“ - се дел од коментарите на Инстаграм.

И додека едни го исмеваат Круз, други тврдат дека тој на овој начин сака да го исмее својот татко за рекламата.
Погледнете повеќе фотографии:






А. Ј. | Црнобело
