Страсни бакнежи и допири по телото – Хејли и Џастин Бибер повљубени од кога било, по драмата во бракот
- Детали
- среда, 05 ноември 2025
Џастин Бибер и Хејли изгледа ја надминаа кризата – на роденденот на Кендал Џенер, изгледаат повљубено од кога било, се бакнуваат и разменуваат нежности, а тој ја држи за задник.

Неодамна, Кендал Џенер направи забава по повод 30-тиот роденден, а меѓу гостите беа Хејли и Џастин Бибер.

Во последно време тие ретко се појавуваа заедно, а и фотките кои ги објавуваше пејачот од сопругата беа чудни.
Откако беа на романтично патување, изгледа дека ги средија односите, па сега позираа повљубено од кога било.
За роденденската забава, Хејли беше облечена во мини леопардски фустан со гол грб, а Џастин во свој стил, со широки панталони и маица по прерамки.
На фотката која Џастин ја објави, тие се прегрнати, неговите раце се околу нејзината половина и задник, а таа силно го бакнува додека тој се смее.
„Изгледа како да е пак среќен“ – коментираат фановите.


Инаку, роденденот беше на плажа, со големи сребрени балони на кои пишува „Среќен роденден Кендал“, а освен долга маса за сите гости, на песокот беа поставени и перници и оган во марокански стил.

Целото Кардашијан-Џенер семејство беше присутно и лудо се забавуваа.
Повеќе фотки:






М. М. | Црнобело
