Хејли Бибер издоминира во кожен фустан со уникатен, разголен корсет – се држи да не ѝ ѕирнат градите (фото+видео)
- Детали
- вторник, 28 октомври 2025
Хејли Бибер моќно зачекори до првите редови на модна ревија, облечена во кожен фустан, со уникатен разголен корсет кој наликува како да има рогови, но изгледа не ѝ беше најпријатно, па постојано си го држеше за да не се види нешто што не треба.

Викендов во Лос Анџелес се одржа настанот Vogue World: Hollywood, каде се славеа модата и филмот, а на модната ревија присуствуваа и многу познати дами.
Првите редови зрачеа со мода и гламур, а најголем впечаток остави Хејли Бибер.
Таа се појави во кожен фустан, со уникатен корсет, целосно разголен, но впечатлив, па издоминира и сите погледи беа во неа.

Хејли носеше креација на Mugler од пролетната колекција за 2026 и издоминира додека се упатуваше да седне на своето место.
Сепак, и покрај тоа што го покажа своето секси тело, изгледа не ѝ беше најпријатно, па често го задржуваше корсетот за да не ѕирне нешто што не треба.

Кликнете на видеото:
До неа седеше Мајли Сајрус, која исто така беше облечена во кожен стајлинг, односно мантил, искомбиниран со црни хулахопки и шпиц штикли, дополнето со ракавици и качкет.


Повеќе фотки од Хејли:







M. M. | Црнобело
