Хејли Бибер јаде крофна, девојката на ди Каприо со бургер – и ѕвездите се „обични“ луѓе, гладни по „афтер забава“ (фото)
- Детали
- вторник, 17 март 2026
По афтер забавата на Оскарите, дел од ѕвездите беа забележани како си одат со брза храна во рака и покажаа дека се само обични луѓе – Хејли јаде крофна, девојката на Леонардо е со бургер во рака, а Џулија Фокс си замина со повеќе слатки.

Понекогаш забораваме дека и ѕвездите се само обични луѓе, кои сакаат да ги прекршат своите строги диети, посебно кога имале долга ноќ.
По доделувањето на Оскарите, голем дел од познатите беа на афтер забавата на Vanity Fair, каде ги покажаа своите елегантни изданија.

Но, по крајот на забавата, изгледа сите беа изгладнети, па неколку дами покажаа дека немаат проблем да каснат и брза храна и благо.
Хејли Бибер беше забележана во долгиот леопардски фустан, со чанта во едната рака, а во другата носеше гризната крофна.


И девојката на Леонардо ди Каприо, моделот Виторија Черети, не одолеа на брзата храна, па си земала бургер за по пат кон дома.

Џулија Фокс пак, не одолеала на слатките задоволства, па земала неколку десерти.


Погледнете и Ким Кардашијан непрепознатлива, Рита Ора со огромен шешир – Како се појавија ѕвездите на забавата по Оскари 2026?
М. М. | Црнобело
