Го сменил бројот кога бившата му рекла дека е бремена – Овен Вилсон глуми грижлив татко, а својата ќерка не ја видел никогаш
- Детали
- недела, 17 мај 2026
„Ми помага финансиски, но тоа никогаш не ми беше важно. На Лајла ѝ е потребен татко. Иронично е тоа што Овен добива улога на татко во филмови, а никогаш не ја сретнал родената ќерка“ - изјавила во минатото поранешната девојка на Овен Вилсон, која сама ја одгледа нивната ќерка, додека пак актерот ги гледа другите два сина.

Овен Вилсон е еден од омилените актери, кој често има улоги во комедии, каде глуми симпатичен и шармантен лик.

Во приватниот живот тој е посветен татко на два сина, важи за човек кој оддава слика на „добар дечко“, но всушност има и една не толку пријатна животна приказна.
Всушност, освен на двата сина, тој е татко и на ќерка, која ја нема никогаш видено, а таа го гледа само во филмовите.

Тој во минатото важел за заводник, а по двата сина од различни жени, во 2018-та ја доби ќерката Лајла, од Варуни Вонгвирејтс.
Тие биле во врска околу 5 години, првпат биле забележани заедно во јавност, во 2014-та, но решиле да си ги раздвојат патиштата, а набрзо по раскинувањето, Варуни дознала дека е бремена.

Во медиумите тогаш се пишуваше дека откако му кажала на Овен дека е бремена, тој го променил својот телефонски број.
„Таа само сака тој да биде татко на нивната ќерка. Тоа што тие не можат да функционираат како пар е во ред, но туку така да го напуштиш детето е погрешно“ – изјавил извор близок до двајцата своевремено.
Неговата поранешна девојка низ годините неколкупати има јавно зборувано за односот со него и ќерката која според неа, актерот никогаш не ја запознал.
Биле направени ДНК тестови за да ги провери нејзините тврдења дека тој е таткото, и било докажано дека Лајла е негова ќерка, но тоа не променило ништо кај него.
„Ми помага финансиски, но тоа никогаш не ми беше важно. На Лајла ѝ е потребен татко. Иронично е тоа што Овен добива улога на татко во филмови, а никогаш не ја сретнал родената ќерка“.
Од врската со Џејд Дуел која работела како обезбедување во авиони, во 2011-тата година Овен го добил синот Роберт Форд Вилсон. Но, по раѓањето на детето, актерот и мајката решиле да раскинат, поради што таа и детето се преселиле во Њујорк.
Во 2014-та година го добил вториот син Фин со неговата лична тренерка Каролин Линкдквист која била во брак со друг човек во истиот период.
Тие сега веќе се големи момци, со кои Овен повремено е забележан во јавност, најчесто на спортски натпревари.

Денес Лајла е 7-годишно девојче, а нејзината мајка веќе престана да објавува нови фотографии од неа.
Последни фотки кои ги има објавено на профилот се на нејзиниот 4-ти роденден, каде малечкото девојче дури и наликува на својот русокос и синоок татко.
Инаку Вилсон не бил никогаш женет и нема информации за неговиот љубовен живот, освен дека има деца од три различни жени.
Уште неколку фотки од ќеркичката која сега е сигурно уште повеќе порасната:
М. М. | Црнобело
