Вирален хит: Ен Хетавеј „уловена“ како паѓа по скали и крши штикла – грациозно се справи со падот (видео)
- Детали
- петок, 29 август 2025
Додека самоуверено се движи надолу по скали со печиво во рака, Ен Хатавеј ја скрши штиклата и падна на земја, по што брзо стана и со насмевка рече дека е добро - видеото и фотките вирално се шират, а на Инстаграм се пошегува на своја сметка.

На снимањето на „The Devil Wears Prada 2“, Ен Хeтавеј имаше непријатна случка во Њујорк – одејќи по скали, се лизна, ја скрши штиклата и падна.

Филмската екипа веднаш се затрча кон неа, но таа сама стана, со печиво во рака и со насмевка веднаш кажа „Добро сум“, па професионално и грациозно продолжи да чекори.

Сепак, моментот беше уловен на камера, а видеото и фотките вирално се шират, додека сите се шегуваат за нејзината позната „трапавост“ која ја има во улогите кои ги глуми.
Кликнете на видеото:
И самата таа, си направи шега на своја сметка, па на својот Инстаграм профил, реобјави видео на кое се гледа како паѓа, а се потсети на слична сцена од себеси во филмот „The Princess Diaries“.
„20 години подоцна, уште паѓам на тебе...“ – стои во описот на видеото кое започнува со инсерт од сцената од филмот во кој таа глуми тинејџерка, а продолжува со последната случка.
Кликнете на видеото:
Инаку, не е познато дали таа навистина се лизна и падна или сцената е дел од сценариото за филмот, чија премиера се очекува на 1 мај 2026.
Во филмот таа повторно ја има улогата на Енди, која работи за Миранда (Мерил Стрип), која е уредничка во моден магазин, а приказната е инспирирана од Vogue и уредничката Ана Винтур, која неодамна си даде оставка.

Повеќе фотки од падот:




М. М. | Црнобело