Хит видео од ќерката на Кајли Џенер – позира како дива во приватен авион, ужива на јахта во Грција со мајка ѝ
- Детали
- вторник, 15 јули 2025
Ќерката на Кајли Џенер, Сторми (7), стана вирален хит, откако мајка ѝ објави видео на кое таа излегува како дива од приватен авион со очила за сонце, а потоа во бањарка танцува на јахта, додека мама позира во секси бикини на одморот во Грција.

Кајли Џенер периодов ужива на одмор во Грција, заедно со нејзината ќерка Сторми (7) и неколку пријателки.
27-годишната ријалити ѕвезда објави фотки на кои позира во Chanel бикини на јахта, но и на плажа, а го покажа своето фит тело.

Меѓу другите пријателки, со неа е и Стаси Караниколау, со која сподели фотки од таверна, но и видеа од скокање во вода од карпи.

Освен фотките на кои таа позира, Кајли објави едно видео од ќеркичката, кое брзо стана вирален хит, а во описот напиша: „Сакам да бидам како неа“.
На видеото таа излегува од приватен авион, со бујна фризура, очила за сонце, дотерана и со неколку Лабубу кукли во рака, а нејзиниот став е како да е ѕвезда цел живот.
На друго видео, мајката и ќерката облечени во бањарки заедно танцуваат на јахта, а Кајли напиша: „Другарка за цел живот“.
Повеќе фотки од одморот во Грција:










М. М. | Црнобело
