Вирално видео: Келвин Клајн (83) збунет, едвај се качува по скали, неговиот 36-годишен дечко ладнокрвно го гледа
- Детали
- четврток, 27 ноември 2025
Во вирално видео се гледа како Келвин Клајн губи рамнотежа и изгледа збунето пред да влезе во ресторан, додека неговиот 46 години помлад дечко само го гледа со рацете во џеб. Видеото наиде на критики поради неговата ладнокрвна реакција.

Веќе десет години, модниот дизајнер Келвин Клајн е во врска со моделот Кевин Бејкер.
Иако пробуваат да се држат настрана од очите на јавноста, парот привлекува внимание бидејќи дизајнерот има 83, додека Кевин – 36 години.
Уште откако јавноста дозна за нив, се шпекулира дека Кевин само го користи дизајнерот за пари, а последното видео од нив повторно ги разгоре истите коментари.

Дизајнерот и дечко му беа забележани пред ресторан во Њујорк. Беа на вечера за да прослават за новата книга на нивен пријател фотограф.
Пред влезот на ресторанот, дизајнерот изгледаше како да изгуби рамнотежа и краток период стоеше нестабилно.
Потоа само прокоментира дека не го очекувал тоа и почна да се качува по скалите.

Во меѓувреме, дечко му стоеше на скалите и ладнокрвно гледаше кон него, а потоа влезе внатре.
По него влезе и дизајнерот, а маж од обезбедувањето го придржуваше додека одеше по скалите.
Видеото беше проследено со лавина коментари поради реакцијата на Кевин Бејкер.
„Не му ни помогна да се качи по скалите“.
„Многу неучтиво што не му помогна“.
„Можеби Келвин не сака дечко му да го третира како старец со проблеми со движењето“.
„Изгледа како дечко му да не сака да знаеме дека е со него“.
„Дечко му сигурно е со него само поради неговите пари“.
„Кевин е ’спонзоруша‘“

Дизајнерот и дечко му првпат беа забележани заедно во 2016 година, на конференција во Индија. Истата година, заедно се појавија и на свечен настан.
Тој период, Кевин имаше само 26 години, па вестите за нивната врска беа пречекани со критики.
Не се познати никакви детали за нивната врска, но повремено се забележувани заедно.
Пред врската со помладиот дечко, Келвин двапати беше во брак, но со жени.

Со првата сопруга беше заедно од 1964 до 1974 година, а со втората од 1986-та до 2006-та.
Годинава, дизајнерот беше забележан со втората сопруга – таа присуствуваше на негова ревија во Њујорк.

Тогаш извор сподели дека по разводот, останале во добри односи.
„Келвин беше одлично расположен и иако не изгледа многу добро на фотографиите, беше радосен за настанот и имаше многу енергија. Се виде со многу пријатели.
Уште е близок со втората сопруга, имаат убаво пријателство, а таа сака да го поддржува на неговите важни настани“.

Келвин Клајн ја нема коментирано врската со дечко му, но уште пред да го запознае, зборуваше за неговата „флуидна сексуалност“:
„Сум имал секс со мажи, со жени. Сум се вљубувал во жени… Сум искусил многу работи кои имале влијание врз мене“.
Спирова С. | Црнобело