„Имаш 6 прсти?“ – Крис Џенер критикувана за фотошопирање, откако си го подмлади изгледот
- Детали
- четврток, 07 август 2025
И мама Крис потпадна на претераното уредување фотографии и се засрами со Фотошоп грешка - освен што го покажа младоликиот, трансформиран изглед, на новите фотки на кои носи апостолки на штикла, изгледа како да има 6 прсти на ногата.

Откако се подмлади и целосно си го трансформираше изгледот, Крис Џенер (60) добива само пофални зборови.
Но, со најновите фотографии, освен младоликото лице, се истакнува и нешто друго за што стана мета на критики.

Семејството Кардашијан е познато по претерано уредување на фотографиите и Фотошоп грешките, па мама Крис не е исклучок.
Таа сподели фотки од прослава на 91-иот роденден на нејзината мајка, облечена во шарен фустан искомбиниран со апостолки на штикла.
Но, она што на многумина им падна во очи е чудниот детаљ на едното стапало, односно дека личи како да има 6 прсти на ногата.
„Дали имаш 6 прсти или јас полудувам? / „Опа, 6 прсти...“ – пишуваат фановите во коментари.

Освен тоа што ја исмеваат за фотошопирањето, голем дел од коментарите се пофални за нејзиниот изглед и велат дека личи како да се подмладува како што поминуваат годините.
Уште неколку фотки од стајлингот на Крис:




M. M. | Црнобело