Само еднаш бил во брак, близок е со сите бивши: Докази дека Бредли Купер е „безнадежен романтичар“
- Детали
- недела, 09 ноември 2025
Секоја врска на Бредли Купер била сериозна, а актерот останал во добри односи со сите свои бивши. Иако беше прогласен за „најсекси маж“ од страна ан People, Бредли Купер е далеку од „женкар“.

Иако беше прогласен за најсекси маж од страна на магазинот People и за бројни фанови важи за еден од најубавите холивудски актери, Бредли Купер не може да се нарече „женкар“.
Се шпекулирало дека имал врски со многу славни жени, но оние кои се потврдени, секогаш биле долги и сериозни.
Односно, актерот секогаш ѝ е целосно посветен на една жена. Притоа, со сите свои бивши е во добар однос, што значи раскинувале пријателски, без драми.
Па, може да се каже дека Бредли Купер е „безнадежен романтичар“ кој сонува за вистинска љубов.
Кои се жените со кои бил во врска?
Џенифер Еспосито
Бредли и Џенифер ја криеја врската од јавност, но откако споделија бакнеж на Златните глобуси во 2006 година, стана јасно дека се пар.
Истата година, се свршија, а набрзо потоа и се венчаа без да привлекуваат многу внимание.
Но, бракот не траеше долго – по само четири месеци, Џенифер поднесе барање за развод.
Причина за разделбата не била неверство или нешто слично, туку, како што има изјавено актерот, само избрзале.
„Едноставно, разводот се случи. Доброто е што и двајцата сфативме дека не сме добри еден за друг“.
Рене Зелвегер
Актерите се запознаа во 2006 година, но врската ја почнаа по разводот на Бредли, во 2009-та.
И, како што откриваа изворите, врската брзо станала сериозна, а актерот кажуваше дека е многу вљубен.
„Немам доволно зборови за да ја опишам. Ја сакам. Едвај чекав да си дојдам дома да бидеме заедно. Сакам и да работам со неа. Можам да научам многу од Рене“.
Во 2011-та тие се разделија, но веројатно мирно бидејќи останаа во контакт и се во добри односи до денес.
Џенифер Лопез
Врската со Џенифер Лопез не е потврдена и поверојатно е дека биле само пријатели.
Првпат беа забележани заедно во 2011 година, на вечера, но и двајцата тврдеа дека имале деловен состанок.
„По вечерата, останаа во контакт. На Џеј Ло ѝ се допаѓа неговото внимание. Забавно ѝ е со Бредли“, сподели извор близок до нив.
Зое Салдања
Гласните за врската на Зое и Бредли се јавија уште додека соработуваа на филмот The Words, во 2012 година.
Набрзо потоа беа забележани и како се бакнуваат на настан.
Иако навистина се гледале, нивната врска не била ништо сериозно, за во 2013-та да се разделат.
