Тајните за исхрана и фит тело на Хајди Клум (заради кои на 52 шета гола и изгледа совршено)
- Детали
- четврток, 30 октомври 2025
Јаде 900 калории на ден, сака сама да си готви здрава храна со балансирани намирници, редовно оди на масажи, а не вежба строги тренинзи туку тоа ѝ е дел од рутината во секојдневието - како Хајди Клум го одржува фантастично телото и не се срами да се прошета гола и на 52 години?

Германскиот супермодел изгледа совршено на 52 години, а често сака да го покаже своето разголено тело пред фановите.
Таа не се срами да се прошета гола ниту дома пред своите деца, ниту кога е на црвен тепих.
Неодамна таа шокираше многумина кога на црвен тепих на Париската модна недела, се појави во целосно проѕирен аутфит, со голи и непокриени гради.

Нејзиното тело е извајано и изгледа фантастично и на 52 години, но кои се нејзините тајни за да може гордо да прошета гола и изгледа како да има 35?
Сама готви домашна храна и се храни здраво, a внесува околу 900 калории дневно (на почетокот била дисциплинара, а сега е навикната на тој пристап)

Го почнува денот со ран појадок за да има време да го согорува, а потоа продолжува со балансирана исхрана со добро избрани намирници
- Појадокот ѝ се состои од органски јајца со спанаќ, пиперка и магдонос, како и мал сад со овошје
- За ручек често јаде мисиркино месо со киноа или зеленчук на пареа
- Вечерата ѝ се состои од нешто како лосос со лимон и лук и мешана салата со брокула и краставица
- Понекогаш си дозвола десерт од типот на овошје со јогурт или темно чоколадо, но не се ограничува ако некогаш сака да проба бургер

Се грижи за својата кожа со соодветни кремови

Никогаш не прескокнува масажи за активирање на телото

Среќна е со сопствениот живот, работата, децата и луѓето околу неа и патувањата

Вежбањето е дел од нејзината дневна рутина
Иако порано имала строги тренинзи со тренер, денес има поопуштена рутина, како возење велосипед, пливање или јога, а понекогаш и вежби со тежина.

М. М. | Црнобело
