Татина ќерка: Дејвид Бекам ѝ држи чадор на Харпер како да ѝ е телохранител (фото)
- Детали
- понеделник, 06 октомври 2025
Дејвид Бекам уште еднаш покажа дека е слаб на неговата ќерка која е татина маза - додека се упатуваат кон ревијата на Викторија, тој ѝ држи чадор на Харпер за да не ја наврне, додека пак синот Ромео има телохранител кој ја врши таа „должност“ за него.

Во петокот, на 3 октомври, Викторија Бекам имаше своја ревија на Париската модна недела, а нејзиното стилско семејство, како секогаш беше во првите редовни да ја поддржи.
Очекувано, моментално нејзината најголема поддршка се Дејвид, ќерката Харпер и синовите Ромео и Круз, заради заладените односи со Бруклин кој веќе не е во контакт со нив.
Но, освен што оддаваат слика на прекрасно семејство кое секогаш е тука и се гордеат со нивните меѓусебни успеси, имаше уште една интересна ситуација.
Додека се упатуваа кон ревијата, за да се заштитат од дождот, на Ромео му држеше чадор неговиот телохранител, а Дејвид уште еднаш покажа дека е подготвен да се жртвува за неговата ќерка и дека е слаб на неа.


Тој го држеше чадорот за ќерка му Харпер, додека со раката ја имаше прегрнато и ја притискаше кон него за да не ја наврне, a таа си го држеше фустанот за да не ѝ се влече.


Младата русокоса убавица носеше светло розов долг фустан, а Ромео, кој очигледно е восхитен од модата на родителите, повтори нивен ретро аутфит, со кожена Gucci јакна.
Дејвид како и секогаш беше елегантен во одело, а Круз имаше младешки аутфит со широки панталони и маица по кратки ракави.
Уште неколку фотки од семејството на ревијата:


М. М. | Црнобело
