Бјанка Сенсори - гола, Ријана насмеана до бившиот што ја истепа: Најскандалозни моменти од историјата на Греми наградите
- Детали
- вторник, 03 февруари 2026
Ланското појавување на Бјанка Сенсори е скандал на Греми наградите што уште долго нема да биде надминат. Но, и годинава имаше ѕвезда која беше практично гола, додека настапот на Карди Би од 2021 година беше споредуван со порнографски филм.

Во неделата (01.02) се одржа 68-то издание на Греми наградите и за разлика од лани, настанот помина со помалку скандали.
Освен пејачката Шапел Роан која се појави со разголени гради и фустан кој беше закачен за пирсови на нејзините брадавици, немаше некој поскандалозен момент.
Но, низ годините, на доделувањето на Греми имало доста шокантни моменти кои се зборуваат до денес.
Дел од најголемите скандали што ги одбележале Греми наградите:
Бјанка Сенсори се појави гола
Мал број моменти од Греми наградите предизвикале толку реакции колку изданието на Бјанка Сенсори на минатогодишното доделување.
Бјанка присуствуваше на доделувањето со Канје Вест, а на себе носеше само проѕирен фустан, односно беше потполно гола.
Целата ситуација беше толку бизарна, што јавноста почна да се загрижува за состојбата на Бјанка – некои беа сигурни дека Канје ја присилил да се појави гола.
Сепак, нејзините блиски го негираа ова, па дури и велеа дека идејата била нејзина.
Очекувано, Канје не доби покана за годинешното издание на настанот.
Вулгарниот настап на Карди Би и Меган Ди Сталион
Во 2021 година, Карди Би и Меган Ди Сталион настапуваа со песната WAP на доделувањето на Греми наградите.
Песната и онака беше критикувана поради вулгарниот текст, но настапот на Карди Би и Меган дополнително ја разгневи јавноста.
Некои го споредуваа настапот со порнографија, а наводно илјадници луѓе поднеле и жалби бидејќи се емитувал на телевизија
Караницата на Бен Афлек и Џеј Ло
Во 2023 година, Бен Афлек и Џеј Ло заедно присуствува на Греми наградите.
Дотогаш веќе беше јасно дека Бен ги мрази ваквите настани, а не го криеше незадоволството ни на Греми.
Во еден миг, водителот на настанот седи до Џеј Ло и Бен, па камерите уловија момент кога пејачката му вели на актерот да делува порасположено.
Ријана и Крис Браун позираа заедно, по бруталниот напад
Во 2013-та, околу четири години откако Крис Браун ја претепа Ријана, пејачите се фотографираа заедно на доделувањето на Греми наградите.
Крис Браун ѝ нанесе навистина сериозни повреди на Ријана и инцидентот го означи крајот на нивната врска.
Па, за јавноста беше голем шок што Ријана весело позираше со него, како да не се случило ништо.
Дуото Milli Vanilli освои Греми, но наградата им беше одземена
Дуото Milli Vanilli стои зад еден од најголемите скандали во музичката историја на САД.
За мошне краток период, успеаја да продадат милиони плочи, а добија и Греми награда за најдобар нов артист.
Но, се дозна дека пееле на плејбек со што дојде крај на нивната кариера, а беа присилени и да ја вратат наградата.
Прочитајте и: Факти за дуото Milli Vanilli и најголемиот скандал во музичката историја: Пееја на плејбек, немаа снимено ниту една песна
Спирова С. | Црнобело
