Блу Ајви (13) порасна во копија на мама Бијонсе – ги збуни сите со изгледот кога стигна во Париз со татко ѝ (фото)
- Детали
- петок, 20 јуни 2025
Ако и вие помисливте дека на фотките Бијонсе е таа што излегува од возило - се лажете. Нејзината ќерка Блу Ајви ги буни дури и најверните фанови со својот изглед кој е копија на нејзината мајка на само 13 години.

Малото слатко девојче кое од мали нозе оди на сите важни настани со мама и тато, прерасна во прекрасна тинејџерка.

Блу Ајви Картер има 13 години, а со секое појавување, сè повеќе личи на нејзината мајка Бијонсе.

Тинејџерката ги наследила кадриците на косата од нејзината мајка, но и цртите на лицето буквално како да ѝ се ископирани.
Мини верзијата на Бијонсе, деновиве беше забележана во Париз, на патување со нејзиниот татко Џеј Зи.

Папарацо фотографите ја уловија на излегување од возило, облечена во широки фармерки и маица, со минимална шминка, покажувајќи ја природната младешка убавина.

Дури и најголемите фанови на Бијонсе, лесно може да се збунат од нејзиниот изглед, според пишувањата на социјалните мрежи и во светските медиуми.

Но, освен убавината, Блу очигледно го наследила и талентот од мајка ѝ, како за пеење, така и за танцување, a моментално е на турнеја заедно со Бијонсе и заеднички настапуваат.
Кликнете на видеото за еден од нивните настапи:
M. M. | Црнобело
