Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит стана вирален хит – Шајло (19) е неверојатна копија на мајка ѝ во ново видео
- Детали
- вторник, 07 април 2026
Вирално се споделуваат фотографии од Шајло од ново K-pop музичко видео, каде неверојатно личи на нејзината мајка Анџелина Џоли откако се врати на женствениот имиџ, а фановите се воодушевени: „Навистина го зема најдоброто од Џоли и Пит / Не е потребен ДНК тест / Копија е на мајка ѝ“.

Шајло е 19-годишната ќерка на Анџелина Џоли и Бред Пит, која уште од најмала возраст се гледаше дека ја наследи убавината од своите прекрасни родители.
Таа денес порасна во вистинска убавица, која е целосна копија на нејзината мајка, а обожавателите со години коментираат дека го зела најдоброто од двајцата.

Шајло низ годините експериментираше со стилот и во еден период негуваше момчешки имиџ, а сега, иако го сака својот комфор и опуштен стајлинг, сепак може да ја видиме и во женствени изданија.

Овој пат, таа стана вирален хит, откако изминатите денови на социјалните мрежи се појавија фотки од неа направени во ново видео, каде делува како да ја гледаме Анџелина во младоста.

Наследничката на Пит и Џоли активно работи на својата танчарска кариера, а сега се појави во тизер видео за новиот сингл на јужнокорејскиот музичар Dayoung, „What's a Girl to Do“.

Во видеото кое трае кратко, девојката на неколку секунди се појавува со коса фатена во плетенка, слично како стилот на нејзината мајка од периодот на Лара Крофт, а фотките од неа вирално се споделуваат.
„Нејзиниот поглед е целосно на Бред, а нејзината насмевка и сјај е ист како на Џоли / Ги зема најдобрите карактеристики од двајцата / Не е потребен ДНК тест“ – пишуваат во коментари обожавателите.

Погледнете го видеото:
М. М. | Црнобело