Шајло Џоли со нов имиџ е копија на мајка ѝ Анџелина во младоста – има платинеста коса и пирс на уста (фото)
- Детали
- вторник, 30 септември 2025
Шајло беше забележана во Њујорк со платинесто руса коса, иста каква што имаше мајка ѝ во младоста, а под усната има ставено и пирс - ќерката на Анџелина и Бред со нов изглед, 19-годишната девојка го има земено најубавото од двајцата, но е копија на мама.

Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит, Шајло, низ годините многупати го промени својот имиџ и изглед.

Сега, 19-годишното девојче, ја покажа својата трансформација, со која многу наликува на мајка ѝ во младоста.

За време на уличен фестивал кој се одржува во Менхетн, таа покажа дека нејзината природна смеѓа коса сега е платинесто руса, а под устата има и пирс.
Шајло беше облечена во панк-рок комбинација, со широки фармерки и голем дуксер со Scarface, ледено русата коса ѝ беше фатена со патец на страна, а на очите има темна сенка.

За неа отсекогаш се пишувало дека го наследи најубавото од двајцата родители, и додека некои фанови велат дека е иста како татко ѝ, повеќето се сложуваат дека е копија на мајка ѝ во младоста.
„Прекрасна креација на Џоли-Пит“.
„Многу личи на Енџи, прекрасна е“.

„Близначка на мајка ѝ“.
„Иста е како Анџелина во младоста“.

M. M. | Црнобело