Татко му доби деца со посвоената ќерка, убил 3 луѓе: Скандалите што го растурија семејството на Илон Маск

Илон Маск веќе неколку години не зборува со татко му и иако проблемите меѓу нив почнале многу одамна, можеби и во детството, тоа што татко му Ерол доби дете со посинета ќерка ја „прелило чашата“ за милијардерот.

tatko-mu-dobi-deca-so-posvoenata-kjerka-ubi-3-lugje-skandalite-shto-go-rasturija-semejstvoto-na-ilon-mask-01.jpg

Илон Маск важи за доста контроверзен лик и колку што има негови фанови, има толку луѓе кои го мразат и презираат.

Критикуван е бидејќи има многу деца од многу жени, а не е воопшто присутен во нивните животи, а доста внимание привлекува и неговиот заладен однос со татко му.

Проблемите меѓу Илон и татко му Ерол Маск почнаа да го привлекуваат вниманието на јавноста во 2018-та, кога и двајцата почнаа јавно да се напаѓаат.

Но, конфликтот почнал многу одамна и постепено ескалирал.

Скандалите што ја нарушиле хармонијата во семејството Маск:

Родителите на Илон се развеле кога имал 10 години

Татко му на Илон, Ерол, и мајка му, Маје Маск, се разделиле кога милијардерот имал само десет години.

Неколку години подоцна, татко му се преженил со Хајди Безуиденаут – вдовица која останала сама со три деца, откако сопругот ѝ загинал во сообраќајка.

Ерол и Хајди биле во брак 18 години и заедно ги одгледале нејзините деца. Што значи, Ерол им бил очув скоро две децении.

tatko-mu-dobi-deca-so-posvoenata-kjerka-ubi-3-lugje-skandalite-shto-go-rasturija-semejstvoto-na-ilon-mask-09.JPG

Ерол доби дете со ќерката на Хајди

Една од ќерките на Хајди е Јана Безуиденаут, која имала само четири години кога мајка ѝ се омажила за Ерол. Таа го гледала како татко, иако Ерол тврди дека честопати не била дома и немал некој родителски однос со неа.

Неколку години по разводот на Ерол и Хајди, Јана и другите деца пробале да воспостават некаков контакт со очувот.

Во 2017-та, Јана неодамна раскинала со дечко ѝ и тој период договорила средба со Ерол.

Набрзо, 30-годишната Јана и 72-годишниот Ерол почнале врска, а два месеца подоцна, таа останала бремена.

tatko-mu-dobi-deca-so-posvoenata-kjerka-ubi-3-lugje-skandalite-shto-go-rasturija-semejstvoto-na-ilon-mask-06.jpg

Хајди била гневна за нивната врска

Кога веста за бременоста излезе во јавност, Ерол тврдеше дека тоа било „божји план“, а се правдаше и дека спиел со Јана бидејќи двајцата биле осамени.

„Јана е прекрасна девојка и мајка. Ми рече дека ѝ го променив животот. Не сакам бременоста да ја наречам грешка, бидејќи ниту едно дете не сака да слушне дека е грешка“.

Очекувано, мајка ѝ на Јана, Хајди, била гневна, па дури и јавно го нападна Ерол.

„Тој е ужасен човек кој ни предизвика многу болка мене и на моите деца. Сега, повторно го срами семејството.

Гневни сме што спиел со неговата посинета ќерка и ја забременил. Јас ќе ја поддржувам Јана, но Ерол не заслужува да биде татко“.

tatko-mu-dobi-deca-so-posvoenata-kjerka-ubi-3-lugje-skandalite-shto-go-rasturija-semejstvoto-na-ilon-mask-10.JPG

Во целата драма, Илон држеше дистанца од татко му

Проблемите меѓу Ерол и Илон почнале во 1995 година. Тогаш, Ерол му позајмил пари на син му за да почне своја софтверска компанија.

Целото семејство Маск живеело во Јужна Африка, но Илон и татко му решиле да се преселат во Калифорнија.

Сепак, Ерол набрзо се премислил, па го остави Илон сам во САД.

„Мислам дека тоа е првото ужасно нешто што му го направив на Илон. Разочаран е. Ми се лути бидејќи не може да ме натера да ја сакам Америка како што ја сака тој“, изјави Ерол во интервју.

За целата ситуација се огласи и Илон:

„Не знаете колку е лош. Помислете на најзлобното нешто – тој сигурно го има направено. Толку е ужасен, што е тешко да поверувате“.

Кога, пак, Ерол доби дете со посвоената ќерка, Илон прекинал секаков контакт со него и воопшто не зборувале цела година.

tatko-mu-dobi-deca-so-posvoenata-kjerka-ubi-3-lugje-skandalite-shto-go-rasturija-semejstvoto-na-ilon-mask-08.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
На 12 години изгубил невиност со девојката на татко му, додека тој ги снимал - Скандалозниот живот н... „Во Њу Орлеанс запознав девојка која беше „јужњачка реинкарнација на Мерилин Мон...
Лудата приказна на жена која тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус: „Ја родив на 12 години“ Жена од Аризона тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус, па дури и ја моли...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Посвоен син, ќерка што го смета за „пијаница“: Кои се (тајните) деца на Ози Озборн? Ози Озборн има дури шест деца, а оние најстарите велат дека бил лош татко бидејќ...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg