Ретро спомени од времето кога Ирина Шајк беше „обична“ девојка од Русија – пред да стане славна (фото)
- Детали
- сабота, 11 април 2026
Почетоците на моделската кариера, ретро мода, позирање на стари тапети со завеси и мебел кој потсетува на класични словенски и балкански домови – Ирина Шајк сподели фото-спомени од времето пред да биде популарна.

Ирина Шајк е родена во мало руско гратче со 30.000 жители, студирала маркетинг, но ѝ било здодевно, па влегла во светот на модата.
Во раните 2000-ти години ја започна интернационалната кариера како модел, а околу 2009-та година се пресели во Њујорк и стана еден од најпознатите и популарни модели.
Беше во врска со Кристијано Роналдо, а потоа и со Бредли Купер, со кого има ќерка, беше дел од Victoria’s Secret и соработува со голем број модни куќи.
Сега, на Инстаграм таа сподели низа фотки постари повеќе од 15 години, на кои се гледа таа во младоста, во Русија, со семејството и пријателите.
Фотки со ентериер кој потсеќа на класични руски и балкански домови, позирање пред тапети или ретро завеси и мода која враќа во времето.

Погледнете повеќе фотки:





