Вил Смит зборува за траумите: „Првата девојка ми го скрши срцето, по секој оргазам со други жени повраќав“


Вил Смит зборува за траумите: „Првата девојка ми го скрши срцето, по секој оргазам со други жени повраќав“

„По секој секс имав нагони за повраќање или повраќав“ - По признанието дека со сопругата Џејда Пикет имаат отворен брак, актерот и музичар Вил Смит откри уште детали од неговиот интимен живот.

vil-smit-zboruva-za-traumite-prvata-devojka-mi-go-skrshi-srceto-po-sekoj-orgazam-so-drugi-zheni-povrakjav-01.jpg

Вил Смит (53) во своите мемоари насловени Will, откри дека имал период кога му било скршено срцето затоа што првата девојка Мелани го изневерила. Актерот нашол утеха во секс без обврски со голем број жени.

vil-smit-zboruva-za-traumite-prvata-devojka-mi-go-skrshi-srceto-po-sekoj-orgazam-so-drugi-zheni-povrakjav-64.jpg

„Очајно ми требаше да се ослободам од болката, но нема лекови за скршено срце, па така се свртев кон хомеопатската медицина што ја нуди шопингот и постојаниот секс без обврски.

vil-smit-zboruva-za-traumite-prvata-devojka-mi-go-skrshi-srceto-po-sekoj-orgazam-so-drugi-zheni-povrakjav-65.jpg

Сè до овој момент во животот имав секс само со уште една друга жена освен Мелани, но во следните месеци се претворив во ‘гето хиена’“ – пишува Вил.

vil-smit-zboruva-za-traumite-prvata-devojka-mi-go-skrshi-srceto-po-sekoj-orgazam-so-drugi-zheni-povrakjav-66.jpg

Сепак, како што раскажува понатаму, ваквите ‘лекови’ имале свои несакани реакции, што тој ги чувствувал по секој секс.

„Имав секс со многу жени, а тоа не се согласуваше со она што сум јас во суштина, па така развив психосоматска реакција на оргазмот. По секој секс имав нагони за повраќање, а понекогаш дури и повраќав“ – пишува тој.

vil-smit-zboruva-za-traumite-prvata-devojka-mi-go-skrshi-srceto-po-sekoj-orgazam-so-drugi-zheni-povrakjav-67.jpeg

Како што вели, во секоја средба се надевал дека некоја од тие непознати жени ќе го сака и ќе му помогне да се ослободи од болката што ја чувствувал.

„По секој секс ми се случуваше да се задушувам и да имам нагони за повраќање, а погледот во очите на жените само уште повеќе ја продлабочуваше мојата агонија“ – вели тој.

vil-smit-zboruva-za-traumite-prvata-devojka-mi-go-skrshi-srceto-po-sekoj-orgazam-so-drugi-zheni-povrakjav-68.jpg

По големиот број сексуални авантури Вил Смит стапи во брак со Шери Зампино во 1992 година, но тие се разведоа во 1995 та година. Актерот неодамна откри дека со неговата сегашна сопруга Џејда Пикет Смит имаaт отворен брак.

vil-smit-zboruva-za-traumite-prvata-devojka-mi-go-skrshi-srceto-po-sekoj-orgazam-so-drugi-zheni-povrakjav-69.jpg

Прочитајте и Со сопругата имаат отворен брак, израснал со насилен татко – Факти за Вил Смит

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Со сопругата имаат отворен брак, израснал со насилен татко – Факти за Вил Смит „Кога имав 9 години го гледав татко ми како ја удира мајка ми толку силно по гла...
Емотивно видео: Двејн Џонсон му го подари својот автомобил на поранешен војник за да му ги разубави ... Двејн Џонсон израдувал неколку фанови со специјална проекција на неговиот нов фи...
Актерот Елиот Пејџ за првпат се појави на црвен тепих по промената на полот - со специфичен детаљ на... Откако го промени полот, Елиот Пејџ на црвениот тепих се појави во црн костум, п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg