Нови ексклузивни фотки и сите детали за раскошната свадба на Бруклин Бекам и Никола Пелц

Изгледот на невестата бил инспириран од Клаудија Шифер во 90-тите, до олтарот пристигнала фатена за рака со нејзиниот татко, каде ја дочекал Бруклин во одело потпишано од Dior, со дијамантски детаљ кој е подарок од семејството Пелц, Дејвид и неговите синови одржале емотивни говори, а парот ги поканил гостите да донираат за Украина - детали за свадбата на нововенчаниот Бекам-Пелц пар + ексклузивни фотографии. 

novi-ekskluzivni-fotki-i-site-detali-za-raskoshnata-svadba-na-bruklin-bekam-i-nikola-pelc-01.jpg

Свадбата на наследникот на Бекамови и наследничката на богатото Пелц семејство, за која долго се зборуваше уште пред да се случи, остави голем впечаток. 

Бруклин и Никола Пелц Бекам се венчаа на 9-ти април 2022, а Vogue го имаше ексклузивното право за објава на свадбените фотографии, како и сите детали поврзани со изгледот на младоженците, организацијата на свадбата, нивниот прв танц и слично. 

Во продолжение 11 детали кои се познати за најзборуваната свадба оваа година: 

1. Невестата заблеска во Valentino Haute Couture креација, за која имало 1 година подготовки, со две патувања до седиштето на модната куќа во Рим.

bekamovi-02.jpg

2. Фризурата и шминката на Никола биле инспирирани од изгледот на Клаудија Шифер во 90-тите години, но и од волуменозните половични опавчиња на Брижит Бардо, а стилистот малку ѝ ја осветлил косата за големиот ден.

„Секогаш замислував дека сакам косата да ми биде половина фатена, половина пуштена, се одлучивме за долги шишки со лежерна, природна фризура“ - изјавила Никола.

bekamovi-3.jpg

3. Шминкерката била инспирирана од природната убавина на Никола, и сакала да ја нагласи со свеж и природен изглед – едвај да се забележува, но сепак да има по некој интересен детаљ што ќе ѕирка под велот.

bekamovi-06.jpg

4. Гостите на парот, вклучувајќи го целото Бекам семејство, долетало на Флорида за целодневни викенд прослави и интимни семејни вечери.

5. Очекувано, неколку гостинки на свадбата прошетаа во креации на свекрвата Викторија Бекам, вклучувајќи го нејзиниот металик фустан, како и нејзината долгогодишна пријателка Ева Лонгорија, но и девојката на нејзиниот друг син Ромео, Миа Реган.

bekamovi-7.jpg

6. Невестата чекореше до олтарот фатена за раката на нејзиниот татко, во позадина со изведба во живо на Songbird, проследена со оркестар.

bekamovi-03.jpg

Уште 5 детали на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...
„Сфатив дека никогаш нема да биде присутен на мојата свадба“: Ќерката на Брус Вилис емотивна за него... „Бев на свадба и таткото на невестата држеше говор. Одеднаш сфатив дека никогаш ...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани) Елвис Присли имал 24, а Присила само 14 години кога ја почнале врската. Тие се в...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
„Разговарав со татко ми кој е починат, како сфатив дека не е измама?“ - Ким Кардашијан со необична и... „Кој би можел да знае такво нешто? За тоа не сме зборувале во шоуто. Тоа никогаш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg