Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ

Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај татко ѝ, Бред Пит. Наводно, Анџелина е гневна што нејзината прва биолошка ќерка одлучила да ѝ го сврти грбот и да не застане на нејзина страна во битката што таа ја води со Бред цели 8 години.

andjelina-djoli-gnevna-bioloshkata-kjerka-i-go-svrte-grbot-za-1-mesec-stanuva-polnoletna-i-kje-se-seli-kaj-tatko-i-01.jpg

Анџелина Џоли (48) и Бред Пит (60) се разведуваат од 2016-та година, а актерката тврдеше дека нејзиниот сопруг бил насилен кон неа и нивните деца за време на лет со авион, по што одлучила да поднесе документи за развод.

Во изминатите години се зборуваше многу за тоа дека Бред Пит нема никаков контакт со шесте деца од бракот со Анџелина, при што трите најстари деца Медокс, Пакс и Захара (кои се веќе полнолетни) јавно се откажаа од татко им.

andjelina-djoli-gnevna-bioloshkata-kjerka-i-go-svrte-grbot-za-1-mesec-stanuva-polnoletna-i-kje-se-seli-kaj-tatko-i-03.jpg

Но, се чини дека првото биолошко дете на парот, Шајло, има поинакви планови во животот.

Таа во мај годинава ќе наполни 18 години и ќе има право сама да избере со кој од родителите сака да живее.

andjelina-djoli-gnevna-bioloshkata-kjerka-i-go-svrte-grbot-za-1-mesec-stanuva-polnoletna-i-kje-se-seli-kaj-tatko-i-02.jpg

Само неколку денови откако беше објавено дека Бред Пит планира целосно да се откаже од старателството над децата, за да може да се разведе од поранешната сопруга, сега дел од странските медиуми пишуваат дека Шајло нема намера да продолжи да живее со мајка ѝ.

„Шајло не е несреќна од животот со Анџелина, но таа наскоро полни 18 години и сака промена. Дополнително таа го обожава Бред и отсекогаш била татина ќерка“ – велат извори блиски до парот за Radaronline.

andjelina-djoli-gnevna-bioloshkata-kjerka-i-go-svrte-grbot-za-1-mesec-stanuva-polnoletna-i-kje-se-seli-kaj-tatko-i-06.jpg

Се вели дека Бред бил пресреќен кога Шајло му ги соопштила вестите, но на Анџелина воопшто не ѝ се допаднала одлуката на нивната ќерка.

Сепак, таа не планира да ја спречи Шајло да се пресели кај татко ѝ и се теши себеси со фактот дека Бред живее во близина, така што тие ќе се гледаат редовно.

„Секако, Анџелина не е среќна, но таа знае дека Шајло е возрасна жена и може сама да ги носи сопствените одлуки. Шајло може пеш да се врати дома за да ги види своите браќа и сестри“ – вели изворот.

andjelina-djoli-gnevna-bioloshkata-kjerka-i-go-svrte-grbot-za-1-mesec-stanuva-polnoletna-i-kje-se-seli-kaj-tatko-i-07.jpg

За потсетување, трите највозрасни деца јавно се откажаа од татко им и застанаа на страната на Анџелина.

Медокс сведочеше на суд против татко му, Пакс јавно го нарече „ужасен човек“, а Захара минатата година се откажа од неговото презиме.

andjelina-djoli-gnevna-bioloshkata-kjerka-i-go-svrte-grbot-za-1-mesec-stanuva-polnoletna-i-kje-se-seli-kaj-tatko-i-05.jpg

Но, Шајло се трудеше да одржи добар однос и со двајцата родители.

Минатата година, странските медиуми пишуваа дека Шајло е свесна дека татко ѝ се откажал од пороците и се труди да биде подобар, па сака и мајка ѝ „да продолжи со животот и да биде среќна“.

andjelina-djoli-gnevna-bioloshkata-kjerka-i-go-svrte-grbot-za-1-mesec-stanuva-polnoletna-i-kje-se-seli-kaj-tatko-i-04.jpg

За потсетување, Бред и Анџелина беа прогласени за легално сингл во 2022-ра година, но парот сè уште не го финализирал разводот, кој трае веќе 8 години.

Бред веќе една година е во среќна врска со 30 години помладата девојка Инес де Рамон.

Прочитајте и Се откажува од децата за да се разведе од Анџелина - Доказ дека Бред Пит е конечно среќен со помладата девојка

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
„Заради неа почна да се бања и да ги чисти забите со конец“: Бред Пит сака деца со девојка му Инес Според извор близок до Бред Пит, актерот, за кој долго се шпекулира дека не воде...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg