„Тоа утро се допишувавме со смешниот Мети. Не го болеше ништо. Немаше никакви проблеми. Беше среќен“ – Џенифер Анистон го даде своето прво интервју по смртта на нејзиниот колега Метју Пери, кој во една пригода призна дека бил вљубен во неа.
Малата Леа за првпат позира со татко ѝ на црвениот тепих. Ќеркичката на Бредли Купер и Ирина Шајк успеа да го украде вниманието на црвениот тепих за време на премиерата на филмот Maestro, а најгорда од сите е нејзината мајка, која не ги крие пофалните зборови на Инстаграм.
Вчера (12.12) таткото на Бритни Спирс првпат се појави во јавност откако му беше ампутирана ногата поради инфекција на коленото. Во меѓувреме...
Двете бебиња на Парис Хилтон, разделбата на Меган Фокс и Машин Ган Кели, непланираното бебе на Кортни Кардашијан и Тревис Баркер... Додека ги одбројуваме последните денови од 2023, да се потсетиме на шоу бизнис настаните што ја одбележаа годината.
Само еден месец откако кажа дека ќерка ѝ Норт се жалеше заради тоа што живее со неа и откри дека сака повеќе време да поминува со татко ѝ кој нема дадилки и чувари, Ким Кардашијан реши да се надмине себеси и да донесе снежна шума во домот. Очигледно таа е подготвена да направи сѐ за да покаже дека може да биде забавен родител.
„Бев шокирана кога ги видов најновите фотки од мене, си помислив дека тоа не сум јас. Но, критиките не ме навредија. Факт е дека јас немам 16 години...
Наводно парот се запознал на забава со џакузи, а откако случајно се нашле еден до друг, не престанале да зборуваат. Која е новата девојка на бившиот сопруг на Софија Вергара, Џо Манганиело, со која за првпат се појави во јавност на црвен тепих?
„Канје никогаш не изгледал посреќно“ – коментираат твитерџиите откако беше објавено видео на кое се гледаат тој и неговата сопруга на забава во Мајами. Неговата сопруга Бјанка...
Бредли Купер одлучи да види како живее поголем дел од популацијата, па цел ден продаваше сендвичи во неговиот нов камион за храна, Емили Ратајковски, пак, сама отиде да си купи елка. Како изгледаат ѕвездите кога се фотографирани како „обични“ луѓе?
Кога првата сопруга на Принц имала 16 години, тој станал нејзин законски старател. Живеела кај него, но спиеле во посебни соби. Кога, пак, наполнила 19, почнала нивната сексуална врска...
Знаевте ли дека Бијонсе и кралицата Елизабета Втора се братучетки? А, дека и Џони Деп има роднинска врска со кралското семејство? Погледнете за кои познати личности малкумина знаат дека се во далечни роднински врски.
Иако јасни и прецизни информации речиси е невозможно да се дадат, во продолжение ги наведуваме најбогатите личности за кои јавноста мисли дека се масони.
Проблемот со опаѓање на косата не ги мачи само мажите, туку и жените.
Во дел од неговите песни, Еминем вели дека мајка му е виновна за неговата зависност од дрога која кулминира во 2007-ма, кога тој речиси
Поради неговото однесување никој не му отишол на погреб и никој не сакал да ги купи неговите работи. Не постоела личност во Холивуд што не го мразела...
„Жените ја сакаат Анџелина Џоли, а навистина не знам зошто“ – вели познат австралиски естетски хирург, кој ги наброја сите недостатоци на лицето на актерката, кои таа не може да ги поправи.
Покрај легендарната шлаканица на Оскари 2022, Вил Смит претходно има удрено репортер на премиера на негов филм. Постојат гласини дека имал афера...
„Тој е крал, може да прави што сака“ – велат твитерџиите за најновите тврдења за тоа како кралот Чарлс се однесува кон вработените. Наводно кралот не сака сам да си истиснува паста за заби, а вработените мора да му измерат точни димензии кога му ја подготвуваат четката пред спиење.