Најубавото од Бредли Купер и Ирина Шајк: Малата Леа првпат се појави на црвен тепих со татко ѝ (фото)

Малата Леа за првпат позира со татко ѝ на црвениот тепих. Ќеркичката на Бредли Купер и Ирина Шајк успеа да го украде вниманието на црвениот тепих за време на премиерата на филмот Maestro, а најгорда од сите е нејзината мајка, која не ги крие пофалните зборови на Инстаграм.

najubavoto-od-bredli-kuper-i-irina-shajk-prvo-pojavuvanje-na-malata-lea-6-na-crven-tepih-so-tatko-i-01.jpg

Актерот Бредли Купер (48) на премиерата на својот најнов филм на Нетфликс, Maestro, се појави заедно со својата ќеркичка Леа Де Сен Шајк Купер (6). Таа беше фотографирана и со Лејди Гага, пејачката и актерка за која се ширеа гласини дека имала афера со татко ѝ, па дека е виновна и за раскинувањето на врската меѓу нејзините родители.

najubavoto-od-bredli-kuper-i-irina-shajk-prvo-pojavuvanje-na-malata-lea-6-na-crven-tepih-so-tatko-i-02.jpg

Малата убавица гордо позираше со својот татко, а мајка ѝ на Инстаграм сподели повеќе фотографии во кои не ги криеше пофалните зборови.

Ирина објави постер од филмот на кој Бредли е заедно со неговата колешка Кери Малиган и ќеркичката Леа, а во долниот дел од фотографијата напиша:

„Честитки... Се гордеам со вас тато и Леа“.

najubavoto-od-bredli-kuper-i-irina-shajk-prvo-pojavuvanje-na-malata-lea-6-na-crven-tepih-so-tatko-i-04.jpg

На премиерата Бредли беше насмеан и видно расположен додека за рака ја држеше својата ќерка и гордо позираше со неа. Девојчето носеше фустан со животински принт и златни балетанчиња, а целиот изглед го надополни со црвена чантичка.

Инаку, за потсетување, Бредли и Ирина ја добија ќеркичката Леа во 2017-та, односно 2 години пред да се разделат.

Сепак, тие успеаја да останат во пријателски односи и често може да бидат забележани како се шетаат заедно, а познато е дека одат заедно и на одмори.

najubavoto-od-bredli-kuper-i-irina-shajk-prvo-pojavuvanje-na-malata-lea-6-na-crven-tepih-so-tatko-i-03.jpg

Ирина во една пригода не штедеше на пофалните зборови за нејзиниот поранешен партнер и рече дека тој е прекрасен татко и родител:

„Тој е најдобриот татко за којшто јас и Леа можеме да сонуваме. Нашиот однос секогаш функционира, но само затоа што ние се трудиме тоа да биде така“ – изјави Ирина.

Од друга страна, Бредли не крие дека ќерката е најважната личност во неговиот живот. Па, во една пригода изјави:

„Секоја работа е засенета, или блеска со неверојатни бои заради фактот што имам можност да бидам татко на прекрасно човечко суштество“.

Погледнете повеќе фотографии од Бредли и Леа во галеријата:

Прочитајте и Живее со неа, раскинува со девојките што не ѝ се допаѓаат – Докази дека Бредли Купер е „мамин син“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Немаа ништо заедничко, не ни разговараа“: Зошто раскинаа Бредли Купер и Ирина Шајк? „Откако им помина првичната страст, им останаа малку заеднички работи. Бредли и ...
Само еднаш бил во брак, близок е со сите бивши: Докази дека Бредли Купер е „безнадежен романтичар“ Секоја врска на Бредли Купер била сериозна, а актерот останал во добри односи со...
На 12 години изгубил невиност со девојката на татко му, додека тој ги снимал - Скандалозниот живот н... „Во Њу Орлеанс запознав девојка која беше „јужњачка реинкарнација на Мерилин Мон...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Клои Кардашијан со ретка изјава за нејзината маќеа: „Се венча со татко ми кога беше на смртна постел... Шест недели пред да почине од рак, Роберт Кардашијан се венчал со третата сопруг...
Му се меша во врските, тој ја носи бурмата на татко му: Чудниот однос на Бредли Купер и мајка му Гло... Бредли Купер дефинитивно е „мамин син“, а фактот што живеат заедно со мајка му и...

Најчитани неделава