Познати жени кои се борат со опаѓање на косата

Најпрепознатливата фризура на Аријана Гранде е нејзиното високо поставено коњско опавче и нежните кадрици. Но, она што некои обожаватели можеби не го знаат е дека Аријана го практикува овој стил бидејќи на тој начин го прикрива опаѓањето на косата што го претрпела како резултат на интензивното правење фризури.

poznati-zheni-koi-se-borat-so-opagjanje-na-kosata-01.jpg

Проблемот со опаѓање на косата не ги мачи само мажите, туку и жените. Но, разликата е тоа што машката ќелавост е повеќе нормализирана и прифатена, за разлика од женската, што доведува до тоа жените повеќе да се срамат од овој проблем и да се обидат на секој начин да ги прикријат симптомите.

Сепак, некои познати женски личности решија отворено да зборуваат за овој проблем и да го споделат своето искуство со опаѓањето на косата.

Дел од нив кои не се срамат да признаат со што се соочуваат:

Аријана Гранде

Најпрепознатливата фризура на американската пејачка, текстописец и актерка, Аријана Гранде, е нејзиното високо поставено коњско опавче и нежните кадрици. Но, она што некои обожаватели можеби не го знаат е дека Аријана го практикува овој стил бидејќи на тој начин го прикрива опаѓањето на косата што го претрпела како резултат на интензивното правење фризури.

Во една нејзина објава на Фејсбук во 2014 година, Аријана објаснува дека нејзината коса почнала да опаѓа во првите четири години од снимањето на тинејџерската комедија Sam & Cat. За улогата морала еднаш неделно да ја фарба нејзината коса во црвена боја.

„Како што може да се претпостави, тоа целосно ми ја уништи косата“, напиша Ариана во својата исповед на социјалните мрежи, пред да објасни дека нејзината коса станала толку оштетена, што морала да почне да носи перики, наместо да ја фарба.

poznati-zheni-koi-se-borat-so-opagjanje-na-kosata-02.jpg

Клои Кардашијан

Кога започна пандемијата на коронавирусот, на почетокот на 2020 година, отежнатото дишење, болките во грлото, изгубеното чувство за вкус и мирис, беа главните симптоми на кои требаше да се внимава и кои „кружеа“ насекаде низ интернет.

За помалку вообичаените, но сепак многу реални, се зборуваше многу помалку, па затоа, Клои Кардашијан беше длабоко вознемирена кога почна да ја губи косата по прележување на коронавирусот.

„Тоа беа цели прамени и се случи две или три недели откако имав ковид“, објаснува таа.

„Неколку месеци подоцна, мојот доктор, кој ми е многу добар пријател, ми рече дека тоа е последица на ковидот“.

poznati-zheni-koi-se-borat-so-opagjanje-na-kosata-03.jpg

Селма Блер

Познатата ѕвезда за магазинот People изјавила дека со опаѓањето на косата почнала да се соочува три месеци по раѓањето на нејзиниот син, во 2011 година. Опаѓањето на косата било толку многу, при што морала да се тушира подолго, за да може да помине повеќе време собирајќи ја косата која се собрала во одводот.

Во 2018 година на актерката Селма Блер ѝ беше дијагностицирана мултипла склероза, при што таа примаше треапија за лекување. Губењето на косата е несреќен, но неизбежен момент при третманот што го добивала, а кога почнала да оди на терапија, Селма ја избричи главата како подготовка за она што ѝ следува.

Кога косата почнала повторно да ѝ расте, Селма повторно ја избричила, претпочитајќи ќелавост, наместо бледа и многу ретка коса.

Иако губењето на цела коса ѝ било крајно вознемирувачко, сепак Селма ги инспирира своите следбеници тврдејќи дека овој медицински несакан ефект исто така ја направил благодарна за работите кои навистина ѝ се важни во животот.

poznati-zheni-koi-se-borat-so-opagjanje-na-kosata-04.jpg

Наоми Кемпбел

Манекенката Наоми Кемпбел откри дека има вид алопеција – состојба на губење на косата предизвикана од екстензии.

Во интервју за Evening Standard, Кемпбел вели дека долгогодишното користење на екстензии за коса ѝ предизвикале штета. Откако станала повнимателна со негата на косата, таа почнала повторно да ѝ се обновува.

poznati-zheni-koi-se-borat-so-opagjanje-na-kosata-06.jpg

Кристин Дејвис

Ѕвездата на „Сексот и градот“ е позната по долгите прамени, но, по завршувањето на серијата во 2004 година, таа забележала опаѓање на косата.

Во нејзини изјави вели дека со текот на годините косата ѝ станала многу послаба, за разлика од густината на која била навикната.

poznati-zheni-koi-se-borat-so-opagjanje-na-kosata-05.jpg

М. Ѓ | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ... „Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Добил син со ретко нарушување, правел развратни забави: Многуте тајни што Принц пробуваше да ги скри... Принц криеше дека добил син кој починал по само седум денови, наводно поради деф...
„Бев една од жртвите на Р. Кели, раперот полош и од Диди – од 13 години ме држеше како робинка, тетк... Решона Ландфер е една од многуте жртви на Р. Кели и вели дека раперот почнал да ...

Најчитани неделава