„Не очекувавме толкава побарувачка“ – Во олимпиското село снема кондоми за 3 дена, сега ги обновуваат залихите
- Детали
- понеделник, 16 февруари 2026
Лизгачка минатата недела ги снимаше бесплатните кондоми на рафтовите, а викендов спортистите се жалеа дека во олимпиското село останале без заштита за Валентајн, по што организаторите се огласија: „Ќе се достават дополнителни залихи до понеделник и постојано ќе се надополнуваат“.

Во олимпиското село во Италија викендов изби мини скандал, кога за Валентајн, спортистите останаа без кондоми, како што објави италијанскиот медиум La Stampa.
Подоцна, од Олимпискиот комитет потврдија дека првично биле обезбедени 10.000 презервативи за околу 3.000 спортисти, кои биле потрошени за само три дена.

Откако вирално се прошири веста, во саботата се огласија организаторите:
„Може да потврдиме дека залихите на кондоми во Олимписките села беа привремено потрошени заради поголема побарувачка од очекуваната.
Дополнителни залихи ќе бидат доставени и дистрибуирани низ селата помеѓу денес и понеделник.
Ќе бидат постојано обновувани до крајот на Игрите, за да се осигури постојана достапност“ - пренесуваат светските медиуми.

Инаку претходно, шпанската уметничка лизгачка Оливиа Смарт, објави видео во кое покажа како ги нудат презервативите на рафтовите во Олимпиското село во Милано на почетокот на Игрите.
@oliviasmartxox Yes, there are OLYMPIC condoms. #olympics #milanocortina2026 #winterolympics
♬ sonido original - En Línea
Тогаш на многумина не им беше јасно дали навистина им обезбедуваат бесплатна заштита, за што се огласи градоначалникот на Милано.
„Да, обезбедуваме бесплатни кондоми за атлетите во Олимпиското село. Ако ова му е чудно на некого, тогаш не знаете дека тоа е усвоена олимписка пракса.
Започна во Сеул во 1988, за да се подигне свесноста помеѓу спортистите и младите луѓе за сексуално преносливите болести и нивната превенција – тема која не треба да создава засраменост.
Од здравствена перспектива, ломбардискиот регион е целосно посветен на тоа интернационалните атлети и тимови да добијат најдобра можна нега во овие недели“ – напиша Атилио Фонтана на Фејсбук.
М. М. | Црнобело
