Детали за најсмртоносниот пожар во дискотека во Бразил во 2013-та: Настанал од пиротехника, загинале 242 лица

Во 2013 година, Бразилците се соочиле со слична трагедија како нашата деновиве. Во пожар во дискотека загинале дури 242 лица, на возраст од 18 до 30 години. Дискотеката била преполна, со само еден излез и без противпожарни апарати. За инцидентот е снимена и серија.

detali-za-najsmrtonosniot-pozhar-vo-diskoteka-vo-brazil-nastanal-od-pirotehnika-zaginale-242-lica-01.jpg

Трагедијата во кочанската дискотека каде што (досега) загинаа 59 лица и над 150 беа повредени не е единствениот ваков страшен случај.

Слични пожари имало во дискотеки во скоро секоја држава во светот и стотици, можеби и илјадници млади загинале поради непочитување на протоколите за безбедност од страна на сопствениците.

Еден од попознатите и посмртоносните вакви пожари се случил во Бразил во 2013 година, каде загинале дури 242 лица, а над 630 биле повредени.

detali-za-najsmrtonosniot-pozhar-vo-diskoteka-vo-brazil-nastanal-od-pirotehnika-zaginale-242-lica-12.JPG

Што точно се случило и кој бил виновникот?

На 26-ти јануари 2013 година, студентите од неколку факултети организирале забава во дискотека во бразилскиот град Санта Марија.

Во дискотеката позната како Kiss имало над 700 гости на возраст од 18 до 30 години и локалот бил преполн.

Како што кажуваат дел од преживеаните, мотото на дискотеката било „што повеќе луѓе, тоа подобро“, не земајќи ги предвид безбедносните протоколи.

detali-za-najsmrtonosniot-pozhar-vo-diskoteka-vo-brazil-nastanal-od-pirotehnika-zaginale-242-lica-05.JPG

Ноќта настапувале два познати бенда, а на сцената имало и пиротехника.

Од пиротехниката, околу 2 часот по полноќ, во дискотеката избувнал пожар.

Огнот ја зафатил пената за звучна изолација на таванот и се проширил речиси веднаш.

detali-za-najsmrtonosniot-pozhar-vo-diskoteka-vo-brazil-nastanal-od-pirotehnika-zaginale-242-lica-14.JPG

Слично како во Кочани, немало излези за итни случаи и сите влегувале и излегувале од само една врата.

Кога гостите сфатиле што се случува, тргнале да излегуваат низ единствениот излез, при што настанало стампедо.

detali-za-najsmrtonosniot-pozhar-vo-diskoteka-vo-brazil-nastanal-od-pirotehnika-zaginale-242-lica-10.JPG

Но, подоцна, од противпожарната служба излегоа со тврдење дека влезната врата првично била заклучена.

„Поради огромната толпа, на луѓето им беше тешко да излезат и според информациите што ги имаме, луѓето од обезбедување ги заробиле жртвите внатре“, изјавиле од противпожарната служба за CNN.

detali-za-najsmrtonosniot-pozhar-vo-diskoteka-vo-brazil-nastanal-od-pirotehnika-zaginale-242-lica-15.JPG

Огнот не бил единствениот проблем – од пената за звучната изолација почнале да се ослободуваат токсични гасови и според истрагата, околу 90% од гостите се задушиле од отровниот чад.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
„Зависна сум од солариум – ми се појавија чудни израстоци на кожата, но сепак одам секој ден“ Млада Британка за себе вели дека е зависна од солариум и оди секој ден по 30 мин...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Во љубов е со милионер една глава понизок од неа - Зошто врската на манекенката Викторија Силвстед ј... Актерката, модел, пејачка и поранешна Плејбој зајачица, Викторија Силвстед (51),...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...

Најчитани неделава