Бизарен случај со „опседнатата“ кукла Анабел: Маж (54) кој ја носел на турнеја починал – јавноста моли да ја вратат во музеј
- Детали
- среда, 16 јули 2025
„Анабел е единственото натприродно нешто што ме плаши“ – гласи еден од коментарите за ненадејната смрт на 54-годишниот маж кој ја носел куклата на турнеја низ САД. Со години, куклата е затворена во музеј и ова е првпат да биде изнесена од таму.

Без разлика дали сакате хорор-филмови или не, сигурно сте слушнале за Анабел, односно „најпроколнатата кукла во светот“.
Приказната за проколнатата кукла почна да се прославува благодарение на филмскиот серијал The Conjuring, инспириран од вистинските „ловци на духови“ – Ед и Лорејн Ворен.
По огромни успех на првиот филм, The Conjuring прерасна во цела франшиза, а бидејќи приказната за Анабел е ништо помалку од морничава, во склоп на серијалот беа снимени три филмови само за неа.
За разлика од куклата во филмот која сигурно никој не би ја сакал во својот дом, вистинската Анабел изгледа како најобична детска играчка.
Но, колку и да не верувате во духови, демони и што уште не, приказните околу неа сепак се и по малку морничави.
Последен бизарен настан поврзан со куклата е ненадејната смрт на маж кој организирал тури низ Америка за посета на опседнати места и предмети.
Куклата Анабел е сместена во музејот на „ловците на духови“ Ед и Лорејн Ворен, познат како Warren’s Occult Museum, во Конектикат.
Покрај куклата, во овој музеј има и други „проколнати“ предмети кои брачниот пар ги собирал низ годините.
Мажот кој ги организирал турите е Дан Ривера кој имал 54 години.
Последната тура на којашто работел била како „изложба на тркала“ – Дан патувал низ САД и правел изложби со разни опседнати предмети од музејот на Ед и Лорејн, вклучително и куклата Анабел.
Со години, куклата стоела во музејот во посебен шкаф, со предупредување никако да не биде извадена од таму.
Но, Ден сепак ја „прошетал“ низ САД, а последната дестинација му бил градот Гетисбург во Пенсилванија.