Бизарен случај со „опседнатата“ кукла Анабел: Маж (54) кој ја носел на турнеја починал – јавноста моли да ја вратат во музеј
Дан отседнувал во хотел во Гетисбург, а бил пронајден мртов во неговата соба. Била повикана брза помош, но Дан не покажувал знаци на живот.
Засега причината за смртта е мистерија, но вестите за трагедијата ја разбрануваа јавноста.
На социјалните мрежи многумина коментираат дека куклата Анабел сигурно има некаква врска со смртта на Дан.
„Ве молам престанете да ја допирате куклата!“
„Анабел е единственото натприродно нешто што навистина ме плаши“.
„Сигурен сум дека клетвата е вистинска“.
„Колку луѓе треба да умрат за да сфатите дека таа кукла е навистина опседната?“
„Ова е навистина страшно“.
Наводно, ова не е прв инцидент поврзан со куклата, па дури и луѓе кои го посетувале музејот имаат тврдело дека им се случувале чудни работи.
Според семејството на Ед и Лорејн Ворен, во музејот имале посетител кој тропал на стаклото и пробал да го отвори шкафот во кој стоела Анабел.
Тие го избркале од музејот, но кога си одел кон дома, загинал во сообраќајка.
Инаку, куклата е позната во САД уште од 1970-тите, периодот кога Ед и Лорејн Ворен биле најактивни.
Тогаш биле контактирани од две млади медицински сестри кои живееле заедно, а едната од нив ја добила Анабел како роденденски подарок.
Но, откако ја добиле куклата, во домот почнале да им се случуваат чудни работи – наоѓале морничави пораки, некои предмети се движеле сами, а на една од нив дури ѝ се појавиле и необјасниви гребаници на телото.
Според кажувањата на Ед и Лорејн, тие ја зеле куклата од домот на медицинските сестри и им станало јасно дека била „опседната со демонска сила“.
Ед и Лорејн имаат изјавено дека кога оделе кон дома со куклата, постојано им се гасел автомобилот, а имале и мал инцидент кога не им работеле кочниците.
Парот тврди дека на куклата ѝ истуриле „света вода“ за да можат безбедно да стигнат дома.
Според изјавите на Ед, куклата еднаш лебдела, но и самата си го менувала местото низ нивниот дом. Бидејќи не знаеле како да го „истераат“ демонот од неа, решиле да ја заклучат во шкафот во кој стои и денес.
Оттогаш куклата е во нивниот музеј кој го имаат посетени бројни хорор фанови.
Секако, ваквите приказни треба да се земаат со доза резерва бидејќи повеќето сигурно се само измислени.
Многу луѓе ги критикуваат и Ед и Лорејн Ворен бидејќи „бесрамно“ ги лажеле луѓето и ги плашеле со измислици.
Без разлика во што верувате, факт е дека ненадејната смрт на мажот кој ја носел Анабел низ САД сепак е бизарна (а, и филмовите од франшизата The Conjuring се навистина забавни).
Спирова С. | Црнобело