„Дадов отказ, се разведов и се преселив во Италија да се пензионирам - сопругот не сакаше живот луда авантура“
Поминав многу места, но кога дојдов во Палермо, на Сицилија, почувствував дека тука припаѓам.
Тука има смеа, радост, бучава, едноставно е прекрасно.

Се преселив во октомври 2024. Живеам во центарот на градот, на 15 минути пешачење од катедрала, градини, ресторани и пазари. Заедницата на странци е голема и активна.
Мојата пријателка живее кај железничката станица, 30 минути пеш од мене, често одам дома ноќе по полноќ, без страв.
Станот е прекрасен, а трошоците се ниски.

Станот ми е околу 100 квадратни метри, плаќам 800 долари месечно, плус 100 за одржување.
Зградата е од 1930-тите, но изгледа одлично.
Со мојата американска пензија од 1.500 долари месечно не би можела да си го дозволам животот во Денвер, Колорадо. Но, тука трошоците се ниски.

Во Италија секојдневно откривам нешто ново. Тој дух на радост ми стана навика.
Многу луѓе и места во САД ги „прераснав“. Да, ми недостигаат пријателите и децата, но тие можат да патуваат и повеќе сакаат да ме посетат некаде на убаво место, отколку да пиеме пијалак во бар во Денвер.
Квалитетот на живот ми се подобри: пешачам скоро насекаде, крвниот притисок, тежината и холестеролот ми се подобрени, јадам поздраво, трошам помалку, стекнав нови пријателства… и најважно - среќна сум“.
С. С. | Црнобело